Skip to main content

Локалната им должи на советниците

Советниците нестрпливо ги чекаат парите за неисплатените паушали. Пари има, ама се заглавени во УЈП, велат локалците

 |  Јаковлева Лионела  | 
sovetnici
советници

Локалната на советниците им должи 74 000 ден. Тоа се пари за неисплатени паушали за минатите шест месеци. Висина на паушалот е 70 проценти од просечната месечна нето плата во државава и зависи од големината на општината. Еден паушал на охридските избраници изнесува 14 000ден.  Советниците за својата работа последен пат пари зеле во декември минатата година.  Душко Јаковчески, претседателот на советот вели дека Градоначалникот им ветил дека во текот на летово парите ќе бидат исплатени.советници

Советниците, а особено оние од ВМРО ДПМНЕ бараат што поскоро да им се подмири надоместокот. Тие повеќе не сакаат лажни ветувања. Од Локалната смируваат и објаснуваат дека од општинскиот буџет се издвоени пари за оваа намена, а и налогот за исплата е потпишан. Проблемот настанал поради ненавремено плаќање на персонален данок при што парите чекаат во Управата за јавни приходи.

Инаку претседателот на советот објаснува дека неисплатените паушали воопшто не влијаеле на квалитетот на седниците. Народните избраници совесно и професионално си ја извршиле својата работа. Сега ги чека заслужен одмор, но не за долго. На крајот на јули повторно ќе има седница на која ќе се разгледуваат шестмесечните извештаи од работата на секторите во Локалната. За крајот на август е планирана уште една седница на која ќе се дискутира за работењето на Јавните претпријатија.

{loadposition content9}