Skip to main content

Српската ловечка кујна во Охрид

Гастрономска размена меѓу Охрид и Белград, интересен начин за промоција на турзимот.

 |  Голабовски Крсте  | 
restoran
ресторан

Размената на гасторномските богатства на Македонија и Србија средство за промоција на турзмот од овие региони. Куварите од белградскиот ресторан „Ловец“ деновиве ќе им пружат можност на охриѓани во ресторанот „Биљанини извори“, да уживаат во специјалитетите на ловечката кујна. Ова нивно гостување во Охрид како и гостувањето на нашите готвачи потоа во Белград, овозможува покрај промоцијата на гастрономските богатства и размена на искуства, вели Ненад Јовановиќ, кувар во белградскиот ресторан „Ловец“. Јовановиќ се надева дека за охриѓани ова ќе биде вистинско изненадување.

Nenad Jovanovic„Па се надевам дека убаво ќе поминеме, дека гостите ќе го прифатат тоа, бидејќи станува збор за малку специфични јадења, кои во Македонија ги нема. Од месо од елен, до дива патка, препелица и фазан. Ќе подготвуваме паштета од фазан и лазањи од елен кои ретко ги има дури и во Србија, па гулаш од елен кој се сервира на специфичен начин во интегрална лепиња и ќе подготвуваме специјалитети од нашиот ресторан.“ објаснува Јовановиќ.

Месото и користењето на голем број зачини ја прават ловечката кујна многу интересна. Се користи многу комбинацијата слатко кисело , многу вино во подготвувањето на храната а вкусот е сосем различен, објаснува Јовановиќ.  Но и охридските гастрономски специјалитети, според квалитетот и богатсвото на вкусови досега и тоа како се покажале. Во таа насока тим од готвачи од ресторанот „Биљанини извори“ пред белграѓани ќе се претстават со специфичните охридски специјалитети. Горан Јованоски, готвач од овој ресторан открива дел од менито.

restoran„Ќе почнеме со охридското софре, охридското ѓомлезе, пршутата, биено и манастирско сирење, потоа ќе ја презентираме нашата охридска рибна чорба, охридскиот чомлек, а другото нека остане изненадување за понатака“, потенцира Јовановски.

„Храна за душата“ всушност е слоганот на овогодинешната кампања на Србија за промоција и развој на туризмот кај нив, на која основна цел е претставување на гастроносмките региони на Србија, за привлекување на што поголем број странски туристи. Можеби и другите ресторани поучени од овој пример ќе се обидат да допрат до потенцијалните гости преку нивниот стомак.

{loadposition content9}