Skip to main content

Почина „вистинскиот“ британски крал

Вистинскиот наследник на британскиот престол според некои историчари е 71-годишниот пензионер Мајк Хејстингс. Човекот починал на 30-ти јуни во Австралија – втората негова татковина.

 |   | 
vistinskiot kral
vistinskiot kral

Вистинскиот наследник на британскиот престол според некои историчари е 71-годишниот пензионер Мајк Хејстингс. Човекот починал на 30-ти јуни во Австралија – втората негова татковина. Бил погребан денеска во Џерилдјари, гратче на 750 километри југозападно од Сиднеј.

Hejstings

Хејстингс бил англиски аристократ, гроф кој емигрирал во Австралија во 1960 година во потрага по авантури. Во 2004 година еден документарен филм, што се емитувал на британската телевизија “Канал 4“ а бил посветен на британската монархија, заклучува дека предците на Хејстингс биле незаконски лишени од своите права на тронот во 15 век.

Хејстингс бил потомок на кралскиот двор во Јорк, чија борба против кралскиот двор во Ланкастер во 15 век била позната во британската историја под името Војната на двете ружи.

Во снимањето на документарецот учествувал историчарот Мајкл Џонс, кој нашол документи во катедралата во Руан, Нормандија, според кои кралот Едвард Четврти / власта од 1461 до 1483 година / бил незаконско дете.

Неговиот татко Ричард Јорски се борел против Французите во Понтоаз, а неговата мајка се наоѓала на 200 километри од таму, во Руан во моментот на неговото зачнување. Таткото на Едвард Четврти е всушност англиски стрелец со лак.

Britansko kralsko semejstvoАко теоријата на горенаведениот историчар е точна, тогаш круната на кралството требало да се најде на главата на младиот брат на Едвард – Џорџ, предок на Мајк Хејстингс.

Во 2005 година тој дал интервју за “Франс прес“ и тогаш не покажал никаков интерес да ги заштити неговите “монархиски права”.

“Мислам дека може да и’ испратам на кралицата Елизабета Втора фактура за наплата на кирија. 500 години семејството на таа храбра девојка живее во мојот проклет замок”, изјавил во смеа Хејстингс.

Синот на Мајк, исто така, не брза да ги брани своите права. “Ќе мислам подоцна”, рекол тој.

{loadposition content9}