Сеуште неизвесно одржувањето на Големиот пливачки маратон
Одржувањето на големиот пливачки маратон под знак прашање.
Од организационот одбор на Охридскиот Пливачки маратонот откриваат дека во моментов оваа реномирана спортска манифестација се соочува со најголеми финансиски проблеми од денот од кога е возобновен маратонот од 1992 год. Најтрагично во сето оваа е што годинава техничкиот организатор на маратонот „Охридски бранови“ кој е најстар пливачко ватерполо клуб на бившите Ју простори. слави редок јубилеј 80 години од неговото постоење. „Годинава наместо да славиме и да направиме маратон од висок рејтинг и светска класа, се соочуваме со страшни финансиски проблеми. Како организатори сме подготвени секој момент да започнеме со организарање на маратонот, но комуникацијата со пливачката федерација на Македонија ни е свдена на нула“, открива Никола Маленко секретар на охридски бранови. Маленко додава дека финансиските проблеми на маратонот се провлекуваат последните неколку години, но најтешко е годинава.
„Нашата клубска каса е празна од поуздани извори знам дека касата на пливачката федерација на Македонија веќе е исцрпена и испразнета, неможам да кажам кој се пријавени пливачи, немаме комуникации, неможам да кажам кои се спонзори, единставена надеж што ми дава дека со сигурност ќе се одржи маратонот е тоа што покровител е претседателот на државата и се надевем дека нема некој да се дрзни и да го изигра па да дојде до меѓународен страм и престедателот кој се покровител да откаже маратон“, вели Никола Маленко, секретар на „Охридски бранови“.
Според секратарот на Охридски бранови најголемите финансиски проблеми настанале минатата година поточно кога бил потпишан договор помеѓу охридски бранови и агнцијата за одржување на манифестации под покровителство на престедателот „Полиплан Оне то Оне“. Маленко тврди дека оваа агенција наместо да им ги упрости работите и да им помогне при реализација на маратонот, таа го изигра клубот и сега им должи од 260 000 денари.
„Тие пари сме приморани да ги бараме по судски пат. Доколку не ги добиеме од пливачката федерација или со извршна постапка во пристоен рок помеѓу 15 овој месец и крај на месецот и финансиската конструкција испратена до кабинетот околу 20 000 евра и ако овие средства не бидат благовремено обезбедени до почетокот на август ние нема да имаме време да организираме маратон од светска класа“, додава Маленко.
Доколку не се одржи Охридскиот пливачки маратон, не само што се урива реномето на претседателот на Р македнија, затоа што ова е единстената спортска манифестација на светско ниво подржана од престедатело, тука за Пливачката федерација ќе следуваат и многу ригорозни санкции“, вели Маленко.
„ФИНА ќе ни проследи санкции ригорозни. Не само маратонот може да не казне да не учествуваме во олимписко пливање, или да не казне да не одат на олимпијада доколку тоа се случи пред олимпијадата. ФИНА е многу ригорозна затоа аплеирам до федерацијата да седне до претседателот. Можеби лично преседателот незнае дека лани есе провлече проблем со кој фрлија црна дамка на претседателот“, додава Маленко.
Сега засега останува да се надевеме дека претседателот Иванов преку неговите најблиски соработници ќе ги земе работите во свои раце и нема да дозволи Охридскиот пливачки маратон кој годинава треба да се одржи по 21 пат во Назависна Макадонија да не се одржи. Разочарува фактот што касата на пливачката федерација на македнија е празна. Маленко вели дека ова е така ппради лошата проценка на челните луѓе, поточно дека треба да се направат точни пресметки кој спорт може да и донесе најголема афирмација на државата, а не да се фрлаат огромни суми во тимови како што е ватерполо тимот за да се квалификуваат на олимпијада, а тоа да не се случи. Се шпекулира дека сумата која ја платила Пливачката федерација за ово тим е скоро иста колку што требаат пари за одржување на 20 маратони од светски ранг.
Што се однесува пак до Малиот пливачки маратон кој по традиција се одржува за Илинден на 2 август со сигурност ќе се одржи па макар и скромно. Овој маратон е под покровителство на советот на општина Охрид.
{loadposition content9}