Психофизички подготвени -спасителите на вода
Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода.
Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се лиценцирани спасители на вода. Со оваа квалификација се стекнале пред пет години. Двајцата се обучиле и полагале во ОО Црвен крст. По стекнатите вештини и дозвола за спасување на вода досега биле ангажирани на бројни плажи в долж охридското крајбрежје. Интервенирале во многу ситуцаии, но за среќа ризичните моменти завршувале среќно.
„ Досега не сум имал ситуации со давење, но имало бројни ризични ситуции со губење на свест или посекотини кои звршувале во најдобар ред“, нагласува Станкоски.
Во моментов Стојаноски и Станкоски се ангажирани на охридскиот базен во СРЦ „Билјанини извори“. Тие се грижат за што поголема безбедност на капачите и на рекреативците и на децата од школите за пливање. Обајцата се согласуваат дека сепак одговорноста е многу поголема на отворени води.
„Потешко е на езеро. Многу ситуации зависат од временските услови, дали има ветер кој може да предизвика бранови, дали врни или грми. Проблеми се јавуваат со кајчината и педалинките каде што мора да интервенираме и надвор од заштитената зони. Во секој поглед е потешко на отворни води за дејаствување на спасителите на вода“, потврдува Стојаноски.
Спасителите на вода извршуваат хумана работа која на капачите им влева сигурност и спокојство за нивната безбедност кога се во вода. Спасителите Стојаноски и Станкоски потенцираат дека важни во нивната работа се и психичката и физичката подготвеност.
Сепак, мал приоритет даваат на психичката подготовеност за да се издржи притисокот и да се преземат работите во свои раце, да се стави ризичната ситуација под контрола, истакнуваат спасителите на вода.
Зоран Станкоски и Љупчо Стојаноски се само дел од лиценцираните 180 спасувачи на вода со кои располага ОО Црвен Крст.
{loadposition content9}