Заврши европското во параглајдинг
Параглајдеристите учесници на третото Европско првенство во прецизно слетување, воодушевени од Охрид и езерото набљудувани од височините на небесниот свод.
На само ден пред прогласување на најуспешните параглајдеристи од Третото европско првенство во прецизно слетување, кое деновиве од 1-8ми јули се оддржува во Охрид на НП Галичица, се сумираат резултатите, но и импресиите. Организаторот на натпреварот Златко Спиркоски вели дека постигнат е максимумот и сите 77 пилоти успеале да изведат по 12 слетувања. Додаде дека се знаат и фаворитите, а нашата репрезентација во екипна конкуренција од 15 земји учеснички е на средина по постигнати резултати.
„Од фаворитите земји се Словенија, Чешка Бугарија и Србија“, нагласи Спиркоски
Селекторот на нашата репрезентација Миле Јованоски, истакна дека Охрид го положи испитот како град домаќин на третиот шампионат за параглајдерство во Европа, во една беспрекорна организација. Тој посебно го пофали ангажманот на менаџерскиот тим на НП Галичица, кој успеал да обезбеди солидни услови за развој на еден ваков вид алтернативен туризам. Но Јованоски смета дека параглајдингот во однос на другите спортови од страна на државата е запоставен.
„Посебно како селектор на македонскта репрезентација можам да кажам дека седмото постигнато место за нас е успех бидејќи на последното европско првенство во Турција бевме девети и според тоа колку вложува државата во параглајдинкот Имаме добар успех на нашите Мартин и Борјан Јованоски. Во иднина властите треба да се ангажираат повеќе за овој спорт“.
Директорот на НП „Галичица“, Зоран Ангелоски, вели дека овие седум дена Охрид е во знакот на Европскот првенство во прецизно слетување.
„Натпреварот протече во најдобар ред, управата на паркот е задоволна со ова што се случи, бидејќи ова е една од главните зацртани цели на паркот уште во 2008 година“.
Натпреварувачите пак, расположени за да се пофалат пред нашата камера. Некои од нив зборуваа за организацијата, други пак за убавините на нашиот град, а нашите пак со проблемите со кои се соочуваат во врска овој спорт.
„Ова ми е прв пат и задоволен сум од резултатот“, рече Борјан Јованоски најмладиот пилот од Македонија
„Има повеќе фактори кои допринесоа за слабиот резултат, тоа се слабите припреми и слабата опрема“, изјави Мартин Јованоски.
„Тука сум по трет пат и убаво е Охрид да го гледаме од воздух, летавме над Галичица супер е. И добро е да се дојде во Охрид и на одмор и на секој ќе го препорачаме. Многу е убаво, прекрасен град, добра организација и се оценувам со десетка“, ова се дел на омпресиите на гостите натпреварувачи.
Домаќини на Европскот првенство во прецизно слетување наредната година е Босна и Херцеговина. Тука беше организаторот кој кажа дека стекнал добри искуства за организација на едно вакво натпреварување овде во Охрид.
Третото Европско првенство во прецизно слетување ќе заврши утре 08. јули, кога и официјално ќе бидат прогласени победниците. Пораката на домаќинот и организаторот е да ваквите големи настани треба да уживаат поголемо внимание од јавноста.
{loadposition content9}