Тимска работа, спас за проблемите
И годинава Локалната Сампуправа се топори да ги надмине сезонските проблеми, како што е тоа проблемот со поставување на урбаната опрема и бучавоста.
Поставувањето на урбаната опрема и бучавоста, рак рана за општина Охрид. И годинава како впрочем и минатите години локалците заедно со државните инспекциски служби и претставници на СВР Охрид, денес во малата пштинска сала одржаа припремен тренинг, за справување со хроничните проблеми, пред туристичката сезона. Акутните проблеми кои фрлаат дамка врз туризмот и имиџот на градот, можат да се решат со заеднички настап на сите инспекциските служби, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој признава дека во голем дел вината за состојбата лежи точно во нивниот пристап кон проблемите.
„Вината е меѓу нас инспекциите, тоа мора да се признае. Јас секогаш потенцирам дека општинскиот инспекторат во секое време, седи на располагање на сите инспекции. Некои инспектори проблемите ги решаваат на поинаков начин. Но јас сметам дека заедничка е законската обврска согласно законот за инспекциски надзор, заеднички настап за решавање на проблемите“-вели Танасоски.
Танасоски категоричен дека годинава нема да се прогледува низ прсти на престапниците на законот за бучавоста и за нецел месец при контрола, изречени биле над 75 казни со минимална парична глоба од 50 евра. Советот за превенција и сите инспекциски служби оваа сезона ќе имаат повеќе работа, бидејќи се очекуваат голем број на туристи, вели градоначалникот Александар Петрески. Тој смета дека кога ќе се појави некој проблем кој негативно делува за сликата на Охрид, не е битно која инспекција ќе делува, туку важно е да се делува заедно и проблемот безболно да се надмине. Но според Петрески ништо неможе да се направи без соработката на полицијата.
„Значи полицијата, не е добро да се гледаат многу униформирани лица за врме на туристичката сезона но кога ќе ни биде најнеопходно мора ќе мора да реагираат“.
Ѓорги Бошалески, раководителот на пазарниот инспекторат вели дека и тие комплетно преку свое делување ќе се приклучат кон секое превентивно делување кое што е во интерес на градот.
„Ние како пазарен инспекторат стоиме на располагање и ќе постапиме секаде онаму каде што граѓаните сметаат дека е потребна наша интервенција. Кажувам дека за бучавоста не сме надлажни, во однос на работното време познато е дека за некои денови Советот на општина Охрид изгласа продолжено работно време“.
Во пресрет на главната туристичка сезона екипите на СВР Охрид се позасилено присутени, посебно во централното градско подрачје. Негативните искуства со кои што се соочивме минатите години беа лош пример за градот и несакаме тоа да се повтори рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
„Превентивно сме присутни на палажите, угостителските објекти кои изминатиов период беа негативен пример за нарушување на ЈРМ и за други казнени дела, овој пат ние сме поприсутни пред овие проблеми. Целта е да се предизвика зголемено чуство на безбедност и сигурност кај граѓаните на Охрид и туристите“.
Денешниот состанок за безбедност и превенција за време на туристичката сезона е почеток на заедничко делување на сите инспекциски служби во градов заедно со СВР Охрид. Каде, кога и врз који објекти е вперено инспекциското око, останува да видиме и секако да информираме.
{loadposition content9}