Започнува сениорското европско првенство за жени од мали земји
Охрид домаќин на Европското првенство во Це девизија.
Од вечерва спортската сала Билјанини извори домаќин на Европското првенство во Це девизија. На првенството учествуваат 8 земји од поранешна Це девизија со тоа што сега А и бе девизија се споени и се натпреваруваат во заеднички квалификации за заедничко евопско првенство.
„На ова првенство е и потпретседателот на ФИБА Европа, вториот човек на Европската кошарка Џон Молтанвез. Тој беше во инспекција на салава и е презадоволен од капацитетите и можностите што ги нуди како комплекс инфраструктурата. Салава располага со сите инфраструктури за сениорско првенство од А и бе девизија. Наидовме и на одлична соработка и со директорот и сите вработени ни се ставени на располагање“, вели Јане Петковски, координатор на сениорското европско првенство за жени.
Натпреварите започнуваат денеска. Првенството ќе се отвори со кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Гибралтар. Капитенот на македонската репрезентација Моника Гаврилоска вели дека македонската екипа е добро подготвена и дека очекуваат во најмала рака влез во финале. Таа додава дека мекадонската екипа претставува спој на искуство и млади играчи. „Дојде до промена на играчите, што е нешто многу добри, затоа што иднината останува на најмладите“, додава Гаврилоска.
„Од она што го успеавме да го видиме на нивниот тренинг вчера тоа е дека дефинитивно одиме на победа и добро е така да го започнеме првенството. Женската репрезентација по подолга пауза се враќа на евроспаката сцена по пет години. Утре на очекува Австрија која очекуваме да биде единствениот противник во група со кого треба да се бориме за тоа прво место, а од другата група ја очекуваме Молдавија и мислиме дека заслужуваме да играме во полуфинале и во финале. Молдавија и Малта би требало да се наши најголеми противници“, вели капитенот на женската кошаркарска репрезентација Моника Гаврилоска.
Од ЈП Билјанини извори велат дека се многу задоволни што се домаќини на европско кошаркарско првенство. Од таму потврдуваат дека ова првенство е само доказ за добрата соработка која ја имаат ЈП и Кошаркарската Федерација.
„Ние од има на градот и од име на ЈП им посакуваме на сите добредојде. Ние сме убедени дека ќе има многу нови моменти, затоа што Охрид тоа сигурно ќе им го пружи“, вели Иван Цветкоски од ЈП Билјанини извори. Тој потенцираше дека граѓаните на Охрид сигурно ќе сакаат да ја посетат спортската сала и да и дадат огромна подршка на нашата репрезентација.
Термините за одигрување на натпреварите се од 21.00 часот, велзот е слободен.
И од кошаркарската федерација истакнуваат дека со ЈП веќе неколку години имаат извонредна соработка. Тие додаваат дека тимот на Бијланини извори добро ги знае потребите за вакво првенство на ФИБА Европа, поради што ги сметаат како да се дел од тимот. Од Кошаркарската федерација се задоволни и од подршката и од полицијата. Тие се категорични дека престои едно големо првество за кое очекуваат најдобри отценки од ФИБА Европа.
{loadposition content9}