ВМРО-ДПМНЕ: Поскапениот паркинг-удар врз џебот на граѓаните
Од ДПМНЕ го обвинија градоначалникот Петрески и СДСМ дека работат само за своите интереси.
Не стивнуваат реакциите околу зголемените цени за паркинг. Нова прес конференција на оваа тема одржа општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие обвинија дека со новите цени се удира не само по џебот на охриѓани, туку и на домашните и странските туристи. Велат со наметнатата цена на паркинг просторите низ Охрид, само се усложнува неповолната состојба во која се наоѓаат граѓаните на Охрид.
„Зголемувањето на цената за паркинг простор како и поставување на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле како и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област каде што се поставува паркинг да имаат место за паркирање преставува уште еден удар не само на граѓаните на Охрид туку и на севкупниот туризам воопшто во градот Охрид.“-вели Никола Митровиќ – портпарол на ОК на ВМРО – ДПМНЕ.
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со апел да се врати достоинството и гостопримливоста кон туристите. Рекоа дека треба да им се овозможи непречен престој во нашиот град.
„Од друга страна, ако го погледнеме однесувањето на градоначалникот Петрески кој впрочем треба да се стави во функција на граѓаните, ќе согледаме само одбивен став кон потребите на граѓаните на Охрид како и кон домашните и странските туристи. Иронијата да биде поголема Петрески си дозволува сограѓаните кои бараат слободен паркинг простор пред местата каде што живеат да ги нарекува криминални структури, повторувам криминални структури. ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид е шокиран од ваквиот игнорантски став и тоа само ја покажува односот на градоначалникот Петрески кон своите сограѓани.“-рече Митровиќ.
За крај Митовиќ не пропушти уште еднаш да испрати обвинување на адреса на градоначалникот Петрески и СДСМ од Охрид дека никогаш не се грижеле за граѓаните туку само за сопствените интереси.
{loadposition content9}