Skip to main content

Дел од плажа во Лагадин причина за кавга

Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници.

 |  Валентина Неловска  | 
plaza makoteks
plaza makoteks

Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници. Од 19 -ти април, кога Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја постави границата меѓу соседните плажи на хотел Макотекс во Лагадин и соседниот корисник, почнале да пристигнуваат првите закани по животот за вработените од Макотекс, раскажува Климе Тренески. Соседниот концесионер на просторот од плажата поставил маси и столици и го узурпирал просторот кој со договор од ресорното минитерството е доделено на користење на хотел Макотекс, тврди  Тренески. Овој простор го планиравме за влез на  педалинки, но почнаа да пристигаат закани  лично и по телефон, нагласува Тренески.

„Бараме од институциите да не заштитат од Петре Петрески и неговите синови бидејќи ни се закануваат“, повикува Климе Тренески.
plaza makoteks
Пред три месеци вработените од хотелот повеле судска постапка, нагласува Тренески. Судот донел решение во нивна корист, но соседниот концесионер и понатака продолжил со узурпацијата на просторот. Доаѓале адвокат и извршител од Судот, по што просторот се рачистувал , за набрзо потоа повторно да се узурпира, објаснува Тренески.

„Станува збор за простор кој го узурпира насилникот кој не е концесионер. Претходно бил концесионер, но за последниот тендер негираше дека ќе ги земе плажите,  а сега сака на сила да ги користи плажите“, тврди Тренески.

Ние не сме виновни што плажата ја добивме со договор за користење и што ги подмиривме сите давачки  уредно кон ресорното министерство, вели Тренски.

„Бараме да работиме мирно и спокојно на она што ни го има дадено државата и она што го имаме уредно платено, само тоа ништо друго  и не сакаме да ни биде загрозен животот од тој насилник“, ги повикува институциите во заштита Тренески.

Климе  Тренески  кажа дека  заканите во неколку наврати упатени кон него, неговото семејство и вработените, биле пријавувани  во полиција.

{loadposition content9}