Наскоро ќе се реконструира спортската сала во Велгошти
Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти ќе започне наскоро, доизградбата ја најави директорот на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски.
Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти ќе започне наскоро. Нејзината доизградба ја најави директорт на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски. Владата веќе одобрила 20 милиони денари за нејзино ставање во целосна функција, кажа Попоски пред велгоштани.
„Во услови на светска економска криза која реално с е проширува и во реалниот сектор во Македонија сепак инвестициите во спортот нема да се запостават. Секој вложен денар се седум денари заштеда во фондот за здрвственоосигурување и тоа е минимален потик да продолжиме со инветсициите, кажа Попоски.
Оваа сала која беше пуштена во употреба во 2001 година, а изградена со нерешени имотно-правни подолго време доби правна разврска, нагласи пратеникот Александар Николоски.
„Овој пат сите проблеми беа поврзани со институциите, кои не се дирекно поврзани со Владата или Собранието. Имаше долг судски процес за салата која била изградена на нерешени имотно правни односи, луѓето си ги побараа и добија своите права, а државата ја исплати оштетата. После тоа скоро една година имавме блокада од градоначалникот и општината не сакаа да дадат одобрение за градба на објкетото и со силни пристисоци упсеавме д аја обезбедиме дозволата“, ја појасни правната разврска со салата пратеникот од Вмро Дпмне, Николоски.
Велгоштани може да очекуваат за спортски објект каде што ќе го развиваат спортскиот дух. Покрај, спортувањето во објектот ќе се одржуваат и разни културни манифестации, истакна и пратеникот Харалампие Шокароски.
„ Сите административни работи завршија и сега се очекува нејзиниот оперативен дел. Тендерските формалности се при крај и на почетокот од август се очекува да биде избран изведувачот на салата, а од септември да започнат градежните работи и за 6 месеци да има прекрасна сала во Велгошти“.
Со реконструкцијата на спортската сала во Велгошти продолжува владината заложба во инвестирање на спортски терени и сали низ земјава. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Попоски кажа дека досега во изградба на спортската инфраструктура се вложени преку 20 милиони евра.
{loadposition content9}