Универзитетот „Свети Апостол Павле“ го прослави својот патрон
На свеченоста по повод патрониот празник, присуствуваа професори, политичари, студенти, како и претставници од Министерството за образование.
Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен говор, изрази надеж дека Универзитетот „Свети Апостол Павле“ своето влијание ќе го остварува и надвор од границите на Македонија.
„Развојот на една институција зависи од квалитетот на објектите, од опремата, но најмногу од факторот-човек. Ценејќи го хуманиот, човечкиот потенцијал кој што го има оваа високообразовна институција, слободно можам да констатирам дека овој универзитет има иднина и ќе стане еден од препознатливите белези или ориентири на градот Охрид.“-рече Професор д-р Пере Аслимоски-Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Универзитетот Свети Апостол Павле и натаму функционира во рамките на поранешниот Дом на АРМ, но охридскиот пратеник во Собранието на Република Македонија, Александар Николоски, вели дека многу блиску е преселбата во старата охридска касарна.
„Проектите кои што се однесуваат на изградба на целиот универзитетски кампус во поранешната воена касарна во Охрид стојат и на нив интензивно се работи и би сакал овде да најавам во консултација со Министерот за образование дека почнува постапката за јавна набава и доизградба на крилото на оваа зграда со што ќе се овозможат нормални услови за работа.“-вели пратеникот во Собранието на Република Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Инаку, успешната приказна на Универзитетот Свети Апостол Павле започнува во месец Април 2009 година кога Собранието на Република Македонија ја промени одлуката за отворање на овој универзитет во Скопје. Со ова, во Охрид после 1100 години од отворањето на првиот универзитет на овие простори, се отвори нов универзитет. Овој универзитет покрај информатичките технологии ги зеде под своја капа и информатичките науки со што отвори нови можности за младите студени не само од Охрид туку и од целата држава. Универзитетот Свети Апостол Павле покрај со домашните, има искучителна соработка и со голем број странски професори од областа на информатиката. На прекрасната свеченост по повод патрониот празник, беа доделени и благодарници за особен придонес кон работата на универзитетот, но и пофалници за најдобрите студенти.
{loadposition content9}