Архитектите се размрдаа
Архитектите се размрдаа па преку стручни дискусии ќе дадат свои видувања за актуелните состојби во архитектурата.
Архитектите се размрдаа па преку стручни дискусии ќе дадат свои видувања за актуелните состојби во архитектурата. Со стручни дебати ќе го дефинираат сегашниот културно- креативен идентитет преку освртот на обичната и стручната јавност, но и на студентите. Заедно ќе извлечат заклучоци колку субјектите се пронаѓаат во архитектонските феномени за кои се зборува денес, колку знаат за едукацијата, заштитата и приемната на креативните индустрии. Само преку едукацијата на младите архитекти може да делуваме врз општествениот амбиент, тврди Проф д-р Кокан Грчев, од факултет за архитектура при Американ Колеџ Скопје.
„Ќе сe обидеме да актуелизираме одредени прашања од кои ќе се симнат идеолошките матрици, оптоварувањата на нештата на кои сме свикнати и отварање на стручни дебати“.
Во однос на следењето на македонската архитектура во современите светски текови, проф д-р Грчев нагласува дека Македонија никогаш и не престанала во таа насока.
„Македонската архитектура ги следи сите достигнувања на естетско, технолошко и идејно ниво и сето она што се случува во светот“, напоменува проф Грчев.
Овие дискусии ќе се водат на манифестацијата „Денови на архитектурата“, која се одржува по втор пат. Оваа академска иницијатива е покрената од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје. Дебатата започна синоќа, а ќе се одржува во наредните два дена. Во три тематски целини ќе се дискутира за архитектонското образование и едукација, за интегрираната заштита на културното наследство и за кретивните индустрии во кои се вклучени архитектурата, дизајнот и новите медиуми на алтернативната заедница.
{loadposition content9}