Skip to main content

Полесни труења во опожарениот студенски дом

Пожар го зафати студенскиот дом „Никола Карев“.

 |  Валентина Неловска  | 
pozar
pozar

Пожар го зафати студенскиот дом „Никола Карев“. Оган и чад утрово околу 9. 30 минути  ги вознемири гостите сместени во овој објект. За среќа повредени во пожарот нема. Оганот започнал во помошната просторија на домот и предизвикал паника кај гостите и неколку  случаи на полесно труење. Очевидците раскажуваат дека чадот ги исполнил собите до 4 спрат.
studenski dom„ Имаше голема паника меѓу луѓето, чадот беше проширен нагоре. Имаше мајки со мали деца, се обидовме да ги извлечеме безбедно. Им кажавме да стават влажни крпи на устата, а од кога видовме дека нема оган ги отворивме прозорците да влезе кислород“, раскажува полицаецот Зоранчо Тасев од Кочани. Тој и негови колеги  службено престојуваат во овој објект и само што легнал да спие по завршената ноќна смена.

„Бев во собата и слушав музика, почуствував мирис на чад. Кога сакав да излезам во ходникот имаше многу чад. Пожарникарите дојдоа во собата и ме сметнаа долу“, раскажува студентот на информатичкиот факултет Донат Обасу.

 На местот на настанот за кратко време пристигнале пожарникарите, брзата помош и полицијата. Екипата на брза помош интревенирала во неколку  слуачи на полесни труења и вознемирени лица. Во гасењето на пожарот  учествувале 4 возила и 10 пожарникари,  информира командирот на смена на против пожарната единица, Мирче Спироски.opozarena prostorija

„Нас ни требаа 15 минути за да го локализираме пожарот. Чадот се ширеше по венталацијата нагоре во собите. Паралено 5 пожарникари го гаснеа пожарот, а 5-мина вршеа евакуација на луѓето. Имаше 2-3 случаи на труење со чад каде што брзата помош интервенираше и укажаа лекарска помош. Повредени нема, а пожарот за кратко време беше згаснат“.

Во овој објект  покрај студенти во летната сезона се сместуваат и туристи. Опожарена е помошната просторија каде што е пералната, парното и ваљакот за пеглање, па не е загрозен сместувачкиот капацитет на објектот,  вели директорот на студентскиот дом Марјан Ристески.

„Нема проблеми со сместувачкиот капацитет бидејќи е оштетена само помошната просторија. Од пламенот,  чадот се пренесе во просториите каде што се сместени гостите. Во објектот  имаме околу 60 гости. Нормалано е во вакви случаи да има мала паника кај гостите, но за среќа благовремено се интервенираше  и се добро заврши“.

Истражните органи работат  на утврдување на причината  за избувнување на  пожарот, кажа директорот на домот Ристески, несакајќи однапред  да  шпекулира за можните причини на пожарот.

{loadposition content9}