Борбата за летна заработка не се менува
Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува и оваа сезона.
Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува и оваа сезона. Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само се менуваат актерите. Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број, повторно им укажале на надлежните институции што ги мачи на состанокот на Советот на безбедност. Tие се жалат на нелојалната конкуренција која вмешува прсти во нивната заработка. Прстотот е вперен кон дивите агенции кои ги издаваат приватните станови нелегално на домашни гости. Становите најчесто се изнајмуваат на туристи во зависност од местото на внатрешноста од каде што потекнуваат сопствениците на станови. Раководителот на Главниот општински инспекорат, Танас Танасоски кажува дека присутните преставници на состанокот донесле заклучок за спротиставување на овие појави кои оставаат темна дамка на туризмот во Охрид.
„Ќе има комплетна контрола на станоиздавачите кои чекаат на улица и за дивите агенции кои нелегално сместуваат туристи, а оставаат грда слика за градот. Акцијата ќе биде заедничка со надлежните инспектори од локалната самоуправа, пазарната инспекција и полицијата. Трите органи ќе се обидат да ги сузбијат овие појави“, најавува Танасоски.
Танасоски нагласува дека во моментов за разлика од изминатите години реакциите на приватните станоиздавачи упатени на нивна адреса се во помал број. Инспекторот нагласува дека е видливо и на терен дека бројот на чекачите со натписи е во опаѓање. Танасоски не знае на што се должи тоа, но нагласува дека нивните инспектори се постојано на терен.
„ Има дежурни инспектори кои работат попладне. Проблемите се главно во попладневните часови па тогаш и 90 посто од инспекторите се на терен, а околу 10 посто се ангажирани претпладне“.
Танасоки ги повикува и колегите од останатите инспекции поактивно да се ангажираат и да излезат на терен. Охрид е најинтересен во летниот период и најголемите проблеми се случуваат во сезона па затоа надлежните треба да се поагилни, смета Танасоски.
{loadposition content9}