На Олимпијада од Охрид
Олимпијците се подготвуваат во Охрид. Директор на Македонскиот Олимписки Комитет верува дека двајцата атлетичари ќе и го обелат образот на Македонја во Лондон
Спортскиот директор на Македонскиот Олимписки Комитет Владимир Богоевски ги посети олимпијците кои во Охрид се подготвуваат за престојниот настап на Олипмијадата во Лондон.
Тој вели дека го избрале Охрид за подготовки бидејќи има најдобри услови и најдобра патека која ги задоволува олимписките стандарди. Богоевски верува дека атлетичарите Христијан Ефремов и Христина Ристеска ќе го обелат образот на Македонја во Лондон.
Тие пак не сакаат многу. Доволно ќе им биде да го постигнат својот најдобар резултат.
Нивниот тренер задоволен како течат подготовките, вели дека Лондон и за двајцата ќе биде едно големо искуство.
Подготовките на атлетичарите во Охрид ќе траат до недела. Обајцата ќе се натпреваруваат во трката на 400 метри, а нивните настапи се закажани за 3 односно 4 август.
{loadposition content9}