Струга во знакот на ракометот
Достојно одбележување на 40 есетиот јубилеен роденден на меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 год. Од 15 до 18 август, Струга ќе пулсира и живее заедно спортот, со навивачкиот дух на струшките паткари и спортските настани поврзани за овој меѓународен турнир.
Јубилејно одбележување на Меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 година. После 40 години од постоење на овој турнир во Струга, тој има свое име на спортската и туристичката карта во Европа и светот. За целта, деталите, програмата и важноста на овој турнир како за Струга, така и за РМ, кажа годинешниот претседател на турнирот, пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ од Струга Лилјана Затуроска.
„Изникнат во далечната 1973 година, како желба на група струшки ентузијасти овој турнир прераснува во реномиран, респектабилен меѓународен спортски настан во кој низа години наназат продефилирале многу ракометни екипи и звучни имиња на ракометни виртуози, што на истиот му го препишале епитетот за еден од најквалитетните меѓународини ракометни турнири во Европа и пошироко. Овој турнир ја брендира Струга на меѓународна спортска и туристичка карта и се дефинира како еден од најголемите аниматори и изворник на ракометари кои денес со нивната спортска душа го вивнаа македонскиот ракомет и го поставија да биде рамномеренпартнер со Европскиот па дури и светскиот“.
Годинава меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 го подигнавме на повисоко ниво со надеж дека во иднина тоа ниво ќе се зголемува, изјави Сашо Србиноски, спортскиот директор на турнирот. Тој воедно ги најави и годинешните екипи учесници.
„Металург“, Скопје, „Данкекод“, Франција, „Динамо минск“, Белорусија, „Дадеман бакал“, Романија, „Брест мешков“, Белорусија и „Струга“, Струга“.
Пофални зборови за тимот на организаторот на меѓународниот ракометен турнир Струга 2012 искажа Левче Китески, директорот на „Металург“, Скопје. Тој потенцира оти сакаат да се претстават на едно високо ниво, за да се врарти сјајот на минатите години.
„Првин да изразам благодарност што сме поканети на оваа прес конференција до претседателката до спортскиот директор и до вас како организатори, ми е чест и задоволство и обврска да присуствуваме на овој јубилеј. Ова е обврска на клубот кој е најдоброто од Македонија“.
Врвниот ракометен репрезентативец, стружанецот Наумче Мојсоскики, вели дека градот заслужува да има еден ваков турнир, бидејќи имињата на многу струшки ракометари надалеку се слушнаа во светот по својот квалитет.
„Мислам дека луѓето што се заслужни за враќање на сјајот на турнирот одат во вистинска насока“.
Во моментов на отвореното ракометното игралиште каде ќе се одржува меѓународниот ракометен турнир Струга 2012,се реновираат трибините на северната страна. Исто така набавена е специјална гумирана подлога по стандардите на европска ракометна федерација. Покровител на турнирот е Агенцијата за спорт и млади.
{loadposition content9}