Skip to main content

Осветени конаците на манастирот Свети Стефан во Охрид

Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, господин Тимотеј го даде својот благослов за конаците во манастирот Свети Стефан.

 |  Мишел Наумоски  | 
svestenici
свештеници

Оваа пештерска црква нуди прекрасен поглед на езерото, со што им нуди одлична можност за одмор, на сите кои сакаат да го посетат.

„Камен-темелникот го осветивме во Октомври месец, па за брзо време, со Божја помош го изградивме. Внатре имаме сместување за 16 лица со заедничка кујна. Тие се апартмански опремени, може да доаѓа секој наш македонец или било кој што живее овде, да престојува во летниот период.“-рече Отец Сашо.

kambanarija Sveti StefanОтец Сашо вели дека сеуште не е точно дефинирана цената на престој во конаците, но сега засега ќе изнесува 400 денари, што вели е поефтино од апартманското сместување во градот, а се наоѓа само на 6 километри од Охрид. Зафатите околу манастирот Свети Стефан сепак ќе продолжат и понатаму.

„Треба да се среди просторот под конакот. Таму планираме да има паркинг за паркирање на возилата. Така да секој што доаѓа ќе може со автомобил да дојде. И сега се доаѓа со автомобил, но со правење на паркингот со тампон, со бекатон плочи или еве градоначалникот ни вети асфалт дека ќе стави, се надеваме дека ќе биде попристапно. Малку е високо но сепак со кола кога ќе дојдеш овде ќе биде подобро.“-рече Отец Сашо.

Засега во овој манастир богослужби има само на трет ден Божиќ односно 9ти Јануари и на 15ти Август, но отец Сашо вели дека се размислува за правење богослужби еднаш месечно, а можеби и еднаш во неделата. Инаку оваа пештерска црква се наоѓа под селото Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан.

{loadposition content9}