Заматената вода во градскиот базен исправна за капење
Водата во градскиот базен на СРЦ Билјанини извори се замати и позелени, реагираат родителите и стравуваат за здравјето на децата кои го користат базенот „Атина Бојаџи“.
Водата во градскиот базен на СРЦ Билјанини извори се замати и позелени, реагираат родителите и стравуваат за здравјето на децата кои го користат базенот „Атина Бојаџи“. Загрижени се дали водата редовно се хлорира и дали квалитетот на водата за капење е нарушен. Раководителот на градскиот базен, Борче Џајкоски упатува смирувачки тон дека водата е хемиски чиста и редовно се хлорира.
„ На 10-тина дена доаѓаат од Центарот за јавно здравство земаат примероци и ни испраќаат одговор каков е квалитетот на водата. Досега нема негативен одговор“, вели Џајкоски.
Професор Соња Думбалова Делова тренер во пливачката школа појаснува дека заматеноста на водата и појавата на алга се резултат на високата температура на воздухот. Професорката која има 4 децениско искуство како тренер и долго време е присутна на базените појаснува дека алгата не е штетна за здравјето.
„Водата е чиста и исправна, нема место за паника. Сето тоа што се случува во базенот е од природата, алгата ја има не само во базените туку и во езерото и морињата“.
И од Ценатрот за јавно здравје потврдуваат дека во градскиот базен и во сите базени во охридските хотели водата за капење е исправна.
„Сите води во базените вклучувајќи ги и двата градски се проверуваат и имаат одличен квалитет од 1 степен и може да се употребуваат за капење“, информира д-р Михаилов.
Од СРЦ Билјанини Извори, градски базен „Атина Бојаџи“ се отворени за соработка со родителите и за одговор на сите прашања поврзани со квалитетот на водата за капење .
{loadposition content9}