Девојка го предизвикала пожарот во Струмица
Полицијата го откри лицето кое го предизика пожарот во Струмица, во кој со повреди се здобија 14 лица, од кои две починаа.
Полицијата го откри лицето кое го предизика пожарот во Струмица, во кој со повреди се здобија 14 лица, од кои две починаа.
Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Струмица станува збор за 24-годишната струмичанка Е.М. против која ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност.
Девојката пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч,млк“ над Струмица.
Со изгореници се здобиле 14 лица при превземање на мерки за гаснење на пожарот, на околу 200-300 метри од завршетокот ул.„Крушевска Република“ на шумска патека во правец на место викано „двата пата“.
Сите повредени беа пренесени во Медицинскиот центар во Струмица, а пет лица итно беа префрлени во Градската хируршка болница во Скопје поради висок степен на изгореници и акутно белодробно откажување и животна опасност.
Со над 90 проценти на изгореници се здобија двајцата браќа, 50-годишниот Блажо и Пено (46) Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми” -шумско стопанство „Беласица”, кои во текот на вчерашниот ден им подлегнаа на повредите.
На понатамошно лекување во скопската болница остануваат уште три лица од кои едното се уште во критична состојба. На четвртиот повреден вчера му беше извршена хируршка интервенција, по што неговата состојба е стабилна. Петнаесет годишното момче кое се здоби со 40% изгореници по телото се наоѓа во стабилна состојба.
Останатите девет повредени лица кои беа пренесену ци струмичката болница се наоѓаат во стабилна состојба. Петмина по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, додека 4 лица се задржани во Медицински центар Струмица.
{loadposition content9}