Дваесет години пеш по светот
Артур Богомил Бартон е миротворец, пацифист, патник, кој пропешачил шест континенти носејќи ја пораката за мир.
Артур Богомил Бартон, минал пеш низ шест континенти, а вели дека километри броел се додека поминал 30.000. Патот од Европа, преку Црното море, Босфорот, Истанбул, Грција, Света гора и Солун го довел во Охрид. Објаснува дека љубезните охриѓани кога го здогледале како пешачи, веднаш му понудиле храна и покрив над главата. Артур е воодушевен од убавините на Охрид и од односот на луѓето кои тука му понудиле храна и можност да преспие. Оваа илјадагодишна убавина и богатство на култура, не смее да се зема здраво за готово, вели тој.
„Бидејќи сум бугарин по потекло, јас знам колку се свети луѓето, наследниците на Кирил и Методиј. Охрид е светлото за сите словенски народи. Тоа никако не смее да се заборави. Кога пристигнав тука, кога дојдов крај езерото прво што видов беше Споменикот на Св. Климент“, воодушевен е Бартон.
Овој патник намерник, на својот аџилак, носи само еден јарбол со знамињата од планетата земја и од организацаијата „Граѓани на светот.“Артур не верува во моќта на парите и веќе дваесет години со рака не допрел пари. На својот аџилак, исклучиво живее од љубезноста на жителите во земјите кои ги посетува. Вели дека, светот е во криза, планетата Земја е во криза, а најголемата криза ја доживува младиот човек насекаде.
„Целото мое патување го правам примарно поради мирот, поради планетата, нашата мајка Земја, човековите права, за животот во целост, за идните генерации и против нуклеарното вооружување и користењето на нуклеарните горива. Сум бил дел од разни здруженија кои се борат против тоа. Како на пример во САД кога бев дел од поворката која во 1992 година, пешачеше од Њу Јорк до Сан Франсиско“ вели Бартон.
За жал светот сеуште е поделен со граници. Не секогаш неговите патешествија минувале лесно и без проблеми. Во 2010 кога је минувал границата помеѓу Израел и Египед, бил запрен па дури и уапсен. Завршил дури и во неколку затвори, па дури бил оставен и во Синајската пуситна. Оттаму бил депортиран во Јордан, заедно со уште еден негов сопатник, од каде завршил во Софија. Но, не се разочарал, туку едноставно го продоложил своето патување. При своето дваесетгодишно патување пеш по светот сватил едно.
„Ова во суштина е една приказна, стара колку времето. Луѓето се раѓаат, патат и умираат. Но животот продолжува. На планетава живеат 7 милијарди луѓе. Морама да се бориме за промена на сфаќањата и на вредностите и да сфатиме дека едниствено преку коегзистенција можеме да продолжиме да живееме. Не смее цел да ни биде само да грабаме по материјалните добра“, раскажува Бартон.
Овој негов најнов аџилак,го започнал во во Витлеем, Израел за Божиќ, 2009 година. Неговото патување од Охрид, потоа продолжува преку Албанија, до јадранскиот брег, од каде заминува за Италија, па следејќи го јужниот брег на Франција , планира да стигне до неговото одредиште во Шпанија, позната дестинација за стотици илјади аџии од целиот свет Сантијаго Де Комопостела.
{loadposition content9}