ВМРО-ДПМНЕ: Охриѓани ќе го казнат Петрески на локалните
Тие на денешната прес конференција рекоа дека Охрид денес го добил најголемото понижување во својата историја со повторното воспоставување на коалицијата Црвенкоски-Петрески.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со прес конференција контра нивните лути ривали градоначалникот Петрески и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкоски. Тие велат дека денес повторно се воспоставува коалицијата Петрески-Црвенкоски. „Коалицијата Бранко Црвенкоски и Александар Петрески го жртвува Охрид за да ги задоволи интересите само на сопствената тајфа.“-рече претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Со оваа коалиција од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Охрид го доби најголемото понижување. Обвинија дека ова е коалиција која 8 години го истоштува Охрид и финансиски и духовно.
„Во време кога Бранко Црвенковски си го промовира својот пулен Александар Петрески за градоначалник на Охрид, на кој заштитен знак му претставува уништување на градот за лична корист, охриѓани се желни за безброј одговори и решенија за кои Бранко Црвенкоски и Александар Петрески никогаш не дадоа одговори . Сеуште граѓаните на Охрид и посетителите на нашиот град не добија одговор и објаснување за катастрофалните решенија со паркинг просторот во Охрид . Не добија одговор каде Петрески потроши 50 милиони евра т.е 8 годишни буџети на Општина Охрид и каде завршија тие пари.“-вели претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.
Михаилов им порача на Црвенкоски и Петрески да им објаснат на охриѓани зошто постојано се зголемуваат јавните давачки кон граѓаните на Охрид, но и да одговорат за чии интереси во Охрид се спроведува урбан масакр.
„Бранко Црвенкоски и Александар Петрески нека направат денес заедничка фотографија пред еден капитален објект кој што го изгради Петрески за 8 години владеење во Охрид. Нека направат фотографија на својата најголема инвестиција донесена од надвор, а тоа е БУМЕРАНГОТ од Австралија. А истовремено Бранко Црвенкоски и Александар Петрески нека направат заедничка фотографија пред фабриките и претпријатијата кои се опустошени во процесот на приватизацијата во времето на нивното владеење.“-рече Михаилов.
„Мотото на коалицијата Бранко Црвенкоски и Александар Петрески е Крени глас. Да, Охрид ќе крене глас. Охриѓани дефинитивно ќе кренат глас против осумгодишното криминално и коруптивно владеење на Петрески.“-изјави Михаилов. Тој уште додаде дека граѓаните на Охрид сплотени на престојните локални избори ќе го казнат Александар Петрески за празните ветувања, а Петрески ќе биде испратен во историјата на Охрид како најнеуспешниот градоначалник.
{loadposition content9}