Skip to main content

Боксерот Агрон Џила, продолжува со светските успеси

„Секоја победа во рингот е мој поттик и движечка сила  која ме води до  мојот следен успех“, вели младиот професионален боксер од Струга,  Агрон Џила.

 |  Голабовски Крсте  | 
Agron Dzila
Агрон Џила

Овој 24 годишен боксер кој моментално живее во Швајцарија, својот живот го посветил на овој спорт, а наградата била остварување на неговите сништа. Повеќе од осумдесет победи како аматер, многу меѓународни турнири го одвеле Агрон до професионалниот бокс, каде успесите продолжиле. Едниствениот боксер е на кој му успеало дa ги освои појасите на Светската боксерска унија,меѓународната боксерска федерација, Светската боксерска организација и на Светскиот боксерски совет, за младинци до 24 години. Вели дека 12 години постоајно работел, се подготвувал, а на крај Бог му ја исполнил Бог желбата и стигнал до сите овие титули.

Agron Dzila„Во Швајцарија не се живее лесно. Мора да се работи. Јас наутро одам на тренинг, па на работа, а после работата повторно на тренинг. Кога сите други излегуваат  и го користат слободното време, јас одев на тренинг. Кога желбата нешто да се постигне е голема, тогаш мора да се одрекнува од многу работи за да се постигне тоа. Јас од многу работи се одреков за да стигнам до овие титули“ вели Џила.

Иако во својата професионална кариера има 16 мечеви, од кои 15 победи, од кои пак 11 ги завршил со нокаут, секој меч, секоја победа, или пораз е она кое го мотивира Џила. За него не постои лесен противник, не постои лесна борба. Во рингот влегува подеднакво подготвен без разлика кој е на спротивната страна. Парите не играат голема улога, за Агрон. Тој вели дека едниствено во овој спорт е поради љубовта. Агрон и со порака до младите дека спортот, е нешто најубаво што може да му се случи на еден млад човек.

Agron Dzila„Спортот е заслужен јас да станам она што сум денес. Кога сите беа на улица јас бев во сала тренирав. Затоа уште еднаш да им порачам на младите да се занимаваат со спорт за да ги избегнат девијантните појави“ порачува Џила.

Негов следен предизвик е мечот против Александар Алексеев , кој е трет на светската ранг листа,  на 28 септември годинава, но овој пат веќе во сениорска категорија. Инаку менаџер на Џила е Оливер Дојчер од Швајцарија, додека негов тренер е Нури Сефери.

{loadposition content9}