Обновено: Убиство во Орман
Педесет и тригодишен маж синоќа е убиен во семејна куќа во охридското село Орман.
Педесет и тригодишен маж синоќа е убиен во семејна куќа во охридското село Орман.
Секторот за внатрешни работи Охрид, против З.С.76 годишен од Охрид, поднесе кривична пријава, поради постоење на основи на сомнение, дека е сторител на кривично дело „Убиство“. ЗС се сомничи дека со истрел од ловна пушка му пресудил на 53-годишниот Ѓ.Б., инаку негов зет за ќерќа. Од СВР информираат дека според нивните сознанија на немилиот настан му предходела семејна расправија.
„Жестоките вербални расправии започнале вчера околу 18 часот во семејната куќа на осомничениот, кога сега починатиот, неговиот зет дошол во посета со цел да разговараат за одрдени проблеми кои што ги имале веќе извесен период наназад. Тој обид преминал во жестока расправија во која што сега починатиот упатил закани дека ќе посегне по животот на неговиот дедо и по останатите членови на неговото семејство. Расправијата продолжила во една од собите при што осомничениот, успеал да го извлече зетот во дворот, ја затворил вратата и се повлекол во неговата куќа. Зетот се обидел преку прозорот да влезе во куќата при што плашејќи се за својот живот дедото ја зел ловната пушка која ја поседувал со одобрение и испукал еден куршум во пределот на градите. Осомничениот тврдел дека не знаел дека во пушката имало куршум“ – Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
По настанот осомничениот се јавил во полиција и го пријавил убиството. По приведувањето на ЗС, на местото на настанот извршен е криминалистичко технички увид од страна на полициски службеници, во присуство на истражен судија, јавен обвинител и доктор патолог. Портпаролот Димовски информира дека на лице место, била пронајдена ловната пушка, една чаура од испукан куршум, како и други предмети, кои се предадени на вештачење во МВР на Р. Македонија. Во текот на денешниот ден, врз телото на починатиот, ќе биде извршена обдукција.