Skip to main content

Музиката е магнет кој привлекува

Низ охридско – струшките кафулиња  може да сретнете и поздравите едно име кое сеуште живее во духот и ритамот на диско музиката. Тоа е Славе Ќелешоски, познатиот дис џокеј не само во земјава туку и надвор од неа.

 |  Николоска Биљана  | 
slave
славе

Музиката е магнет кој трајно привлекува. Денес постојат многу музички имиња на македонската естрада, но ретки се вистинските звезди, забележува познатиот дисџокеј Славе Ќелешоски, од Струга. Според него, кога се работи за забава, секое време си има свое обележје, но најважно од се е добро да се опипа пулсот на публиката и да заиграш во нејзин ритам. „Кога сум во улога на ди џеј, пуштам добро проверена музика, играм, пеам, зборувам со присутните, а не ретко се случува да истурам и кофа вода врз нив, се` во интерес на добра и незаборавна журка, раскажува Ќелешоски.

ceca slave„Да се има смисла и слух за публиката, значи да го погодиш она што публиката го бара, да ја погодиш музиката и да ја креваш, нормално, ритамот и сето тоа да му ствараш атмосфера,почнуваш од најдолу па до најгоре. Тоа е умешноста на еден добар дисџокеј, разликата тогаш кога јас водев дискотеки, шоуа кога правев, тоа беше еден вид класично шоу, со зборување со микрофон со влегување во публиката, па публиката пее“.

Животниот пат на Ќелешоски е многу интересен. Како што и самиот тој раскажува во животот има повеќе љубови. Прва љубов му е дис-џокејството на кое потрошил долги 30 години во земјава, додека пак втора љубов му е кулинарството, посебно приготвувањето на пица, што го работел во Флорида цели 15 години. Ќелешоски зборувајќи со искуство и потполна зрелост во професијата, забележува дека денес пореметени се музичките бариери.

crvena jabuka„Америка се е во бројки, забава во бројки, ако треба да направиш забава треба да имаш бројки значи колку луѓе треба да донесиш, таму се е смислено. Овде сега имаме пореметени вредности, да речиме пример во Македонија, порано се знаеше кој може да биде пеач, тој што може да пее, а сега гледаме едно чудо пеачи кои речено пеат ама не пеат“.

Во текот на својата кариера, Ќелешоски бележи организирање на концерти и  турнеи со многу звучни имиња од екс југословенските простори, како што се: Црвена Јабука, Плави Оркестар, Галија, Бајага и инструктори, Дино Дворник, Хари Мата Хари, Бјело дугме и многу други, но посебно го потенцира фактот, дека тој е човекот кој за прв пат во Македонија ја донесе Светлана Цеца Ражњатовиќ.

„Имаше само 17 години и тоа беше нејзината прва турнеја со нејзината прва касета, „Цветак Зановетак“. „Цеца беше многу ефтина, тогаш не се сеќавам колку марки, доаѓаше со татко и со едно црвено југо“, раскажува Ќелешоски.

Ќелешоски е задоволен од својата кариера, но ако денес го прашувате дали би го работел истото, ќе ви каже „тешко“, бидејќи во денешно време да се донесе пејач, чинело многу, додека пак порано имало некој договор меѓу нив на процент од продадени влезници, што денес тоа го нема.
Ди- џеј Славе, за кого има многу статии, песни, прилози и што уште не, неодамна повторно се докажа себеси. Во преполната дискотеката во хотелот Бисер, од каде што и ја започна својата кариера, собра и стари и млади, кои до зори играа и се забавуваа во ритамот на неговата  добро проверена музика, со што Ќелеш зад себе остави уште една вечер за паметење.

{loadposition content9}