Во струшко опожарени 10 хектари шума
Пожарот што викендов пламна во атарот на струшкото село Долно Татеши, утрово е целосно ликвидиран и ставен под контрола.
pozarna
Пожарот, што викендов пламна во атарот на струшкото село Долно Татеши, утрово е целосно ликвидиран и ставен под контрола.
Пожарот започнал на 28 јули и со интервенција на струшката противпожарна единица бил локализиран, но повторно се обновил на 29 јули.
Во неделата, при гасењето на пожарникарите им се приклучиле и вработените од струшкото ЈШП „Јабланица“ .
Според командирот на струшката пожарна Урим Каба, причина за пожарот е човечко невнимание при палење на стрништа. Пожарот избил на споредните стрништа за потоа да се прошири на шумските површини уништувајќи 10 хектари дабова шума.
{loadposition content9}