Струга доби индустриска зонa
Турска и американска компанија заинтересирани за инвестиција во струшката индустриска зона. Турците би произведувале стакло а американците делови за автомобили. Кој и да инвестира на тоа тло, бенефитот за стружани е голем, ќе се отворат голем број работни места.
За два месеци во Струга ќе никне новата индустриска зона. На потегот од река Сатеска до аеродромот, северно од магистралниот пат, на површина од 31 хектар се прават завршните подготовки за сервирање на овој плац на можните инвеститори. Раководителот на Секторот за урбанизам Натмир Неџипи, кажа до каде се подготовките околу завршната документација за трговско индустриската развојна зона на подрачјето на општина Струга.
„Иначе документацијата ја работат фирми од Скопје, кај нас поднесено е барање за потребната документација, со нив е излезено на терен, целата консултација помеѓу нас и проектанската куќа е завршена“.
Интерес за инвестиција во индустриската зона веќе имат пројавено две странски компании од Турција и Америка, вели Неџипи. Додава дека сеуште има простор и за други фирми и компании доколку сакаат да инвестираат во таа зона.
„Турската за производство на стакло, американската за делови за возила. Бенифитот е што ќе се вработат граѓаните од општинава, ќе има движење и економијата тука е бенефитот целосно, ќе се раздвижи нешто во економијата, зошто се индустриски производни зони со долготраен век на работа“-потенцира Неџипи.
Општина Струга е задолжена да понуди помош околу комплетирање на документацијата за идните инвеститори во трговско-индустриската зона, а посебно ќе има аир од комуналиите. Во зависност од категоријата на објектот, пример за прва категорија на објект одобрение за градба дава Министерството за транспорт и врски, додека пак за објект од втора категорија дозвола за градба може да издаде општината. Покрај во Струга слободни економски зони ќе се градат и во Кичево, Прилеп и Гевгелија, а најдоцна до април следната година и во Радовиш, Струмица и Ранковце.
{loadposition content9}