Skip to main content

Охриѓанец добитник на Рено Твинго од Државна лотарија на Македонија

Наградната игра на Државна лотарија на Македонија, „Твинго манија“ му донесе среќа на охриѓанецот Дејан Петрески.

 |  Мишел Наумоски  | 
dobitnik
добитник

Охриѓанецот, Дејан Петрески е среќниот добитник на еден од автомобилите од наградната игра на Државна лотарија на Македонија, „Твинго манија“. Петрески денес и официјално ги доби клучевите од својот нов автомобил, Рено Твинго.

Dejan PetreskiИ Дејан и неговото семејство пресреќни со добиената награда за која велат дека било вистинско изненадување за нив.

„Автомобилот го изгребив минатиот четврток во Together салонот во охридската чаршија и таму ми кажаа дека сум добитник на Рено Твинго. Секој што греби треба да се надева дека ќе добие некаква награда. На охриѓани би им порачал: „Играјте игри на среќа и добивајте вредни награди.“-рече добитникот Дејан Петрески.

Претставниците од Државна лотарија на Македонија велат: Конечно се сруши митот дека Битола е најсреќниот град  во Македонија. Инаку Твингото на Петрески е третиот автомобил кој Државна лотарија го доделува во ова второ коло од наградната игра „Твинго манија“.

klucevi avtomobil„Еден беше изгребен во Скопје на самата промоција пред неполн месец, вториот беше изгребен на 14ти Јули во Битола, и третиот е изгребен пред неколку дена овде во Охрид. Остануваат уште 37 автомобили, а другите споредни главни добивки да речеме се четириесетте парични добивки од по 25.000 денари кои што се како главни парични добивки. Имаме и останати еден куп парични добивки. Твинго манија е во своето второ коло, втора сезона, а затоа што во првото коло беше многу успешна, народот едноставно ја засака оваа игра на среќа и се надеваме дека второто коло како што досега оди во овие месец дена, според оние анализи кои шго ги следиме дефинитивно надминува се.“-вели Огнен Јанески од Државна лотарија на Македонија.

Инаку тимот на Државна лотарија на Македонија традиционално веќе петта година врши промоции на своите наградни игри во поголемите градови и онаму каде што имаат најмногу потрошувачи. Во тој дух тие во текот на денот пред охридските кафулиња во стариот дел на градот, а многу веројатно велат дека ќе имаат еден пункт и пред салата „Билјанини извори“.

{loadposition content9}