Skip to main content

Во пресрет на „Илинден“ децата од „Развигорче“ одржаа модна ревија

Мали балерини, невести, принцези прошетаа на импровизираната модна писта во градинката „Развигорче“.

 |  Валентина Неловска  | 
revija
revija

Мали балерини, невести, принцези прошетаа на импровизираната модна писта во градинката „Јасна Ристеска“. Во пресрет на националниот празник „Илинден“ децата од градинката „Развигорче“ одржаа модна ревија. Ревијата  насловена како „Еко топ модел“ им донесе радост не само на најмалите деца туку и на нивните најблиски. Тие беа импресионирани и воодушевени од инвентивните еко модели. Вреди тоа што го направиле колешките заедно од оваа градинка, беше коментарот на оние кои што го проследија модниот настан.
Модната ревија се реализира на иницијатива на учителката Билјана Савеска, а се спроведе заедно со  нејзините колешки кои се грижат за децата од оваа установа. Под менторство на проф. Катерина Слатинова, креациите ги изработија  ученичките Анастасија Балевска и Елеонора Вељаноска од гимназијата Св.„ Климент Охридски“

revija„Задоволство ни беше тоа што го изработивме за децата. Тие ни кажаа какви модели сакаат, а ние само ја реализиравме нивната желба и се надевам дека се задоволни“, вели Анастасија Балевска.  

Децата кои учествуваа на модниот настан беа среќни затоа што сакаат нови и несекојдневни работи, потенцира директорката на ЈДУ „Јасна Ристеска“,  Марина Петровска Тодоровска.

 „ Моделите на модната ревија се изработени од хартија и сето тоа е во рамките на програмата еколошка едукација во македонско воспитниот-образовен систем, а е во пресрет на празникот Илинден“, нагласува Марина Петровска Тодоровска.

Во реализацијата на модната ревија  учествуваа 30 -тина деца од сите возрасни групи. Покрај креациите кои ги носеа малите  манекени,  модел од хартија  носеше и нивната учителка Билјана Савеска.

{loadposition content9}