Skip to main content

Историјата во Плаќе се повтори

Денес комитите од ова место демонстрираа напад на селото од три страни, потсетувајќи на големото востание на Рашанец од 1903 год, денот кога комитите од овој регион  се кренаа  против 5 вековното сурово османлиско ропство.

 |  Николоска Биљана  | 
zakletva
заклетва

Во Плаќе охридско, одбележан големиот Илинден. По повод востанието на Рашанец во 1903 како и останатите настани поврзани со овој датум, мештаните на Плаќе и годинава со пригодна свеченост го одбележаа 2 ри август, потсетувајќи на денот кога нашиот народ се крена на востание против 5 вековното турско ропство. komitiПретседателот на М.З. Плаќе, Славко Симоноски раскажа за подвигот на Плаќанската чета која во далечната 1903 на 31 август била нападната од турскиот аскер.

„Во борбите на 31 август 1903 год Палќанската чета бележи загуба на Васил Домазетов кој во тој налет загинал остатокот од четат се пробива према Брежани и Мала Река, но еден дел од четата составен од комити остануваат во месноста Бачилиште, кои добро го познавале теренот и во борбите со турскиот аскер му нанесуваат жртвина аскерот со 200 турски војници“.

Симоноски исто така раскажа дека разлутените османлии после  загубата на нивните војници, испратиле 9илјаден турски аскер да ја опколат Плаќанската чета која се криела во планината Еврејка во месноста Бачилиште. Сардисаните комити кога останале без храна,  излегле  гради во гради да се пресметаат  со турскиот аскер и сите до еден биле убиени. zastavaСимоноски вели дека тие херои гордо ќе се спомнуваат и ќе бидат врежани во аналите на македонската државност. Но во Плаќе и денес постојат луѓе кои биле и до крај остануваат комити за нашата Македонија.

„Денеска е илинден 2 ри август паднале борци и несакаме повеќе да паднат, сакаме само мир и слобода во нашава држава“.

Денес во Плаќе мештаните и сите гости го славеа големиот Илинден. Сите заиграа на комитското оро. А за културно уметничкиот дел беше задолжен познатиот пеач Петар Нечоски, кој со срце и душа ги пееше македонските комитски песни на кои не одолеа ниту старо ниту младо. Дел од присутните со завет и пристапница станаа нови комити. Во Црквата Св. Илија, за сите имаше порција македонско гравче, а за пиење македонска ракија и вино .

{loadposition content9}