Свеченоста за доделување на дипломите на матурантите на 07 август
Финишираат подготовките за свеченото доделувење на дипломите на матурантите од Св. Климент Охридски.
Годинава спектаклот ќе се одржи во дворот на Охридската Гимназија на 07 август. Директорот Наум Рилковски открива дека се подготвува настан за паметење, не само за матурантите, туку и за сите останати, кои ќе дојдат да ја поздрават оваа успешна генерација. Кулминација на прославата ќе биде концертот на светски познатот музичар, охриѓанецот Владимир Василески – Четкар.
„Мислам дека нетреба многу зборови за да се каже кој е што е. Тој е врвен и светски музичар кој во чест на матурантите но со подршка на градоначалникот овој концерт ќе биде во дворот на гиманзијата. И за него беше огромна чест и задоволство што концертот кој првично требаше да биде на плоштадот се пренесе пред Гимазијата, бидејќи и тој е наш ученик“, вели директор на ОСУ Св. Климент Охридски, Наум Рилковски.
Директорот Рилковски со задоволство проговори и за резултатите од државната матура. Тој не го криеше своето задоволство со фактот што охридската Гимназија на официјалната ранг листата на државни училишта за државмната матура го освои високото петто место во конкуренција на 95 државни средни училишта.
„Многу ми е драго не само поради учениците и нивните родители, факт е дека од полуматурантите она што е најдобро доаѓа кај нас. Таа традиција продолжена е и оваа година, но и факт е дека со овој успех имаме еден квалитетен кадар професори наставници кои со една заедничка работа континуирано четири години го постигнаа токму овој успех и на оваа генерација на матуранти. Покрај тоа ограмна чест и задоволство уште ни преставува овој успех, бидејќи со прво пласираната гиманзија Корчагин од Скопје само со два проценти успехот е подобар од нашите ученици“, вели Рилковски.
„Да не се залажуваме дека го постинавме максимумот, ова е само мотив за во иднина соработката на релација ученик, професор да биде уште поголема со што би постигнувале уште подобри успеси. Искрено се надевам дека следниве генерации со успехот ќе бидеме на врвот на табелата на ниво на целата држава“, додава директорот Рилковски.
Директорот се потсети и на тешката и напорна учебна година која измина, но во која гимназијалците постинаа огромни успеси и на полето во наставата, но и вон тоа. Имено учениците од ова средно училиште освоија две бронзени мадаљи на олимпијадата по математика, како и многу спортски награди, а вон наставата се одржаа две перфектни модни ревии. Освоија трето место на маскембалот во Прилеп, а во центарот на Културата средношколците од драмската секција одиграа две драми. Беше одржан и хуманитарен концерт, а средствата од истиот им беа делени на две деца болни од леукемија.
Директорот открива дека и покрај тоа што во СВ Климент Охридски минималниот број на ученици е веќе пополнет, сепак има доволно слободно места и во Гимназиските паралелки и во економските, како и во здравствената струка. Третиот уписен рок е на 16 август и од ова средно училиште се повеќе од сигурни дека со тие уписи ќе ги поплнат сите останати слободни места.
{loadposition content9}