Skip to main content

Градските избраници фокусирани само на три точки

Советниците  денес го завршија 50-тото продолжение на прекинатата седница од 27 јули.

 |  Валентина Неловска  | 
sednica
sednica

Советниците  денес го завршија 50-тото продолжение на прекинатата седница од 27 јули.  Од дваесеттината точки кои ги имаа на денешниот дневен ред тие подетално се осврнаа само на три. Советниците од опозиционата Вмро Дпмне  најмногу беа заинтересирани за Извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште. Поставуваа прашања кога ќе се тампонираат и доасфалтираат улиците, кога ќе се изградат тротоарите, кога ќе се поставува вертикална и хоризонтална сообраќајна сигназлиација, со чии пари ќе се изгради напукнатиот потпорен ѕид на  црквата Св. Елена и Костадин,  кој настарадал при пробивањето на патотот  кон Скребатно. Детален одговор добија од раководителот на Секторот за комунален развој Зоран Шиколоски. Тој истакна дека станува збор за тригодишни програми за кои средства се обезбедуваат од надоместок за уредување на градежно земјиште и со средства од Министерството за транспорт и врски.

sovet „ Програмите ќе се реализираат доколку се обезбедат средства од Министерството за транспорт и врски. Ние во меѓувреме изработивме комплетна програма и со документите аплицираме до сите институции. Како  да ги реалзираме кога немаме повратно влегување на средства од тие интитуции. Доколку добиеме средства  да може да ги реалзираме програмите, им даде  појаснување на советниците за ситуацијата, Шикалоски.

Интерес кај советниците предизвика и извештајот кој се однесуваше за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот и патиштата. Советникот од редовите на Вмро Дпмне,  Величе Маркоски, задоволен од  обемниот хронолошки извештај кој ја од одсликува безбедносната состојба во Охрид.
„ Она што радува е опаѓањето на прекршоците на јавниот ред и мир во Охрид, истакна советникот Величе Маркоси. Тоа треба да не радува затоа што станува збор за  туристички град, каде опаѓаат прекршоците во  споредба со останите градови во земјава“, истакна Маркоски.

sovetСо ова конастатација на нејзиниот колега, не се согласи Виолета Мицкоска.Извештајот статистички  е во ред  ама животот не е статистика, рече Мицкоска. Советничката од редовите на СДСМ апелираше на заедничка поголема контрола на објектите кои ги посетуваат младите луѓе.
„ Охрид  жалосно е што се споменува со еден лош термин дувло на наркотици. Јас сакам да верувам не дека има 18 уживатели на наркотици туку дека нема воопшто, но не е така. Само на последната журка во Градиште, луѓето кои работат како келнери и шанкери таму,  рекоа во утринските часови во 5-6 наутро,  пола од децата биле пијани, а пола издрогирани“.

Советниците ја изгласаа  предлог одлуката за  измена и дополнување на одлуката за општински линиски превоз на патници.  Со таквиот став ќе им се овозможи линсики превоз и на граѓаните од населбите Железничка, Гоце Делчев и Видобишта до централното градско подрачје.   

{loadposition content9}