Skip to main content

4 пасоши зависат од средба

Никола Колушески од Лескоец, после седум години престој во Австрија, се враќа во родната грутка. Тој заедно со своите четири малолетни деца дошол да извади патни документи, македонски пасош за сите, но се судрил со сериозен проблем.

 |  Николоска Биљана  | 
koluseski
колушески

После 7 години престој во Виена, Австрија, Никола Колушески заедно со своите четири деца доаѓа во родното место, Лескоец охридско, односно во Македонија, за да извади пасоши за него и  децата. Неговата животна сторија е приказна за еден пожртвуван родител кој со  сите животни предизвици храбро се бори своите деца да ги истурка на прав пат. Како што и самиот кажува пред седум години се развел од неговата жена Невена бидејќи не им одел бракот. При тоа таа уште во тој момент се откажала од децата и му ги отстапила родителските права, со можност Никола да може да патува и вади документи за нив.

deca koluseska„Таа се откажа со своерачна изјава, заверена од ЦСР и тогашниот управител Ѓоко Тодороски таа изјава стои кај него а ја поседувам и јас дека таа при свесна и без присилба се откажува од децата, дури не сака да знае дали децата ќе завршат во дом или кај таткото“.

Пред да ги добие визите за децата од  Австрија, Колушески вели дека тамошните власти  му понудиле австриско државјанство, бидејќи неговото семејство одлично се интегрирало во системот, но тоа тој го одбил, бидејќи како што вели е патриот во душата.

 „Со тоа што ако јас се сложев на тоа морав одма да потпишам за откажување на македонското државјанство јас со тоа не се сложив и изјавив дека со тоа ни мртов не би се сложил“.

licni kartiЗа моите деца спремен сум да направам се. Јас сум над нив 24 часа, раскажува Колушески. Меѓутоа, при постапката да обезбеди пасоши за своите 4 деца тој се судрува со сериозен проблем.
Откако уредно ги доставил сите потребни документи, децата се сликале, пасошите стигнале, но тој не може да ги подигне. Центарот за Социјални работи ја стопира постапката, бидејќи до нив пристигнало барање за регулирање на лични односи меѓу мајката Невена Колушеска и нејзините деца. Според стручното мислење на кадрите во ЦСР Охрид, мајката има право да ги види децата и утврдиле дека нејзините намери не биле да ги попречи децата во нивното школување и понатамошен престој во Австрија. Според првиот човек на центарот Екрем Каљоши, вратите на установата за Колушески и неговите деца се отворени 24 часа,  во било кое време тие можат да дојдат и да остварат средба, како би се нашло  компромис за надминување на овој проблем и децата во најбрз можен рок да ги земат своите македонски пасоши.
За случајот запознати се и од СВР Охрид. Според портпаролот Стефан Димоски, постапката за ваквите случаи е јасна,  без согласност на двајцата родители тие не можат да издадат патна исправа.

{loadposition content9}