Skip to main content

Суперлативот „Најохриѓанец“ за д-р Никола Бошале

ромовирана книгата „Најохриѓанец“ од авторот професор д-р Драги Поп Стефанија.

 |  Валентина Неловска  | 
najohrigjanec
najohrigjanec

Промовирана книгата „Најохриѓанец“ од авторот професор д-р Драги Поп Стефанија. Насловот на ова негово дело настанало спонтано, вели Поп Стефанија. Првично започнал да пишува извештај за прием на проф. д-р Никола Бошале во друштвото на писателите бидејќи со над 25 книги тој не е член на ДПМ.  Поп Стефанија појаснува дека од 9 страни извештај напишал 90 страници и дошол до заклучок дека  Бошале сиот свој научно истражувачки опус му го посветил на родниот Охрид. Со 18 книги за Охрид од најразлични области Бошале  потполно го заслужува овој суперлатив, нагласува авторот Поп Стефанија.
promocija„Секоја негова книга, со исклучок на три, се однесуваат за Охрид. Дали се работи за охридскиот театар, трубадури, фрески, икони и цркви, охридски писатели и поети, дојдов до  заклучок  дека нити еден автор и писател пред него не напишал толку многу книги посветени на Охрид и го заслужува името најохриѓанец“, кажа Поп Стефанија.

На промоцијата на книгата „Најохриѓанец“ присуствуваше  и  проф д-р Никола Бошале. Авторот Поп Стефанија кажа дека Бошале не знаел за епитетот најохриѓанец дека се однесува за него. Скромен како и секогаш, пак Бошале  не сакаше многу да зборува  како се чувствува со добиениот суперлатив. Пред присутните се наврати на називот со кој му се обраќаа авторот и промоторот а тоа е имерек или мострата која ја создал Св. Климент како молитва за сите заслужни светци и великодостојници.
promocija
„Мене ме сместија, прекрасно во мострата , мудро го направија тоа и сосема соодејствува. Јас влегов во таа мостра, односно, тие ме сместија“, рече кратко Бошале.

Професор д-р Никола Бошале е социолог, научник и книжевник, есеист. Напишал 25 дела, а неговото најново  дело промовирано пред три месеци е „Нишани кои водат кон Универзитетот на Св. Климент“.


{loadposition content9}