Струшките социјалдемократи избираат претседател
Новиот претседател на струшката организација на СДСМ, ќе се знае на 17 август годинава. Во игра се тројца кандидати, сегашниот секретар Даме Ложанкоски, Борче Мижимакоски и Ристе Чушкоски, сите активни членови на партијата.
Струшките социјалдемократи комплетно ќе се подноват. На 17 август ќе се назначи претседател на ОО, а покрај тоа ќе се избираат и органите и телата на партијата, Извршениот и Надзорниот одбор. Секретарот на партијата Даме Ложанкоски, за ТВМ ги обелодени имињата на тројцата кандидати за претседателската позиција на СДСМ, кои ги добија симпатиите на членството на оваа партиска опција.
„Тројца кандидати имавме за кандидати за претседател, значи јас сум Даме Ложанкоски, Ристе Чушкоски и Борче Мижимакоски. Интересот за оваа позиција беше голем, значи имаше околу 14 евидентирани кандидати за претседател и во една демократска процедура останавме само тројца“.
Бидејќи и името на секретарот на струшките социјалдемократи, Даме Ложанкоски, е меѓу кандидатите, го запрашавме кој е неговиот предизвик за оваа позиција. Тој со одговор.
„Значи предизвикот и целта моја е ДПМНЕ и ДУИ да се елиминираат од политичката сцена, немам друг предизвик нивната катастрофална политика мора да престане“.
Секретарот на струшките социјалдемократи Ложанкоски, изнесе и свое видување за престојните локални избори, до чије одржување остануваат уште седум месеци . Тој потенцира дека Струга и стружани ги очекува еден од најтешките испити.
„Значи Струга е најспецифичното место во државава во однос не дсамо на локални туку и на парламентарни избори, витката за градоначалник нема да биде ниту лесна, ниту тешка, доколку застанеме сите политички субјекти да се договориме да одиме во еден правец да направиме нешто за Струга, се друго е загуба за Струга и граѓаните“.
Ложанкоски е категоричен дека без нивната политичка опција во Струга никој не може да стане градоначалник. Тој кажа дека налегна состојбата со внатрепартиските превирања кои се случија пред неколку месеци кога дојде до разрешување на Александар Попоски од претседателската позиција, поради заземање на спротивен став во врска нацрт планот за струшкото крајбрежје. Додаде дека секој партиски активист кој што греши, мора да одговара, согласно партиската платформа на СДСМ на државно ниво.
{loadposition content9}