Skip to main content

Центарот за безбедност на вода без пристапен мост

Центарот за безбедност на вода лоциран кај Горица работи под полна пареа.

 |  Валентина Неловска  | 
спасители
спасители

Центарот за безбедност на вода лоциран кај Горица работи под полна пареа. Од ова место се координира работата на сите професионални спасувачи  в долж охридското крајбрежје. Она што на Центарот му недостасува е прописно место од каде што ќе поаѓаат и доаѓаат спасителите на вода со чамци и бродот амбуланта, вели Сашо Точков претседтелто на ОО на Црвен Крст во чиј состав функционира овој центар за безбедност на вода.

спасители Црвен крст „ Немаме еден пристапен мост и платформа каде што би ги чувале чамците и спаувачкиот брод. Се снаоѓаме како што знаеме и умееме. Добивме инструкции од некои институции да направиме нелегално  мост, но тоа не доаѓа предвид. Побаравме од Т- мобиле да ни излезе во пресрет и и да ни обезбеди платформа од нивните реклами во корист на центарот за вода, но не наидовме на разбирање. Се надеваме дека догодина ќе го решиме и овој проблем“, кажува Точков.

Тимот спасувачи и годинава е зајакнат со патролирање на  бродот амбуланта. За негово  функционирање гориво обезбеди скопската болница  „Систина Офтамологија“, кажува Точков. Од 5 август бродот амбуланта со комплетната екипа ќе функционира само во викендите, појаснува Точков. Во секојдневните  спасителски акции  учествуваат 45 професионални спасители кои се распоредени на 30 плажи кои склучиле договор со Црвен Крст за нивно обезбедување.  Нивниот број заедно со медицинскиот тим на бродот амбуланта и професионалните нуркачи е околу 60 луѓе ангажирани за што поголема безбедност на капачите на охридското крајбрежје. Миодраг Цекиќ, национален координатор и спасител на вода секојдневно ги коодинира спасителите  кои будно следат се што се случува  во вода и на копно.  Досега имале преку 150 интервенции број што  е далеку поголем од минатата година.
црвен крст
„Оваа капачка сезона е успешна од асепкт на нашата работа. Професионалните спасители интервенирале и од сигурна смрт  спасиле 15 давеници. Се надеваме дека до крајот на летната сезона до 31 август нема да има никакви проблеми со случувањата во вода“, нагласува Цекиќ.


 Националниот координатор Миодраг Цекиќ,  потенцира дека имаат голем број  интервенци и надвор од вода. Најчесто станува збор за посекотини, епилептични напади, панични  и шокови состојби на членови од семејства каде што  спасителите на вода интервенирале и спасиле давеници.  


{loadposition content9}