Skip to main content

Еден дожд, извади на површина се

Вчерашното невреме и дожд кое ја зафати општина Охрид, за само еден саат, на површина го извади 8 годишното владеење на градончалникот Петрески, поточно болната вистината дека градот се дави во неодговорноста и неспособноста на истиот човек, обвинаа денес од ОК на ВМРО – ДПМНЕ.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro
вмро

Во Охрид не е решено основното прашање, канализацијата и одводната мрежа во градот, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Никола Митровиќ, портпаролот на партијата забележува дека општина Охрид 8 години се дави во неодговорноста и неспособноста на актуелниот градоначалник Александар Петрески, а тешките моменти и последиците од таквата погубна политика директно удира по грбот на народот.

„Туристички центар како Охрид да се остави без  изведба и без санација на одводната мрежа во централното градско подрачје е најголем грев на градоначалникот Петрески кон градот. Вчерашната презентација на изгледот на улиците на Охрид после краткотрајното невреме беше всушност сликата и вистината за тоталната неодговорност на Петрески и за жал презентација на вистината дека Петрески во 8 години ништо не инвестирал во потребите на Охрид ниту во централното подрачје, ниту во повисоките делови од градот“.  

mitrovicИ кога пред очи на јавноста и бројните гости, поради силниот дожд, попуштија сите пори од одводниот систем прелевајќи се низ охридските улици а посебно во централното градско јадро, до израз доаѓа работата на ЈП НИСКОГРАДБА, потенцира Митровиќ.

„Една од неодговорните активности на Петрески во овој домен беше и формирањето на јавното претпријатие Нискоградба чија обврска е грижата за одводниот систем.
Ова претпријатие со амин на Петрески стана центарот на корупција и трошење на пари од граѓаните и наместо ги остварува целите и да се грижат за системот за одведување  на водите меѓу кои и атмосферските. Колапсот на системот покажува дека целта  им беше само да се соберат пари од граѓаните со високи сметки за неизвршени услуги“.

Митровиќ обвини дека Петрески наместо да инвестира во потребите на Охрид, помило му било во овие 8 години да гради згради, да троши 50 милиони евра буџет за ништо и да ги промовира корупцијата и криминалот како вредности на Охрид. Додаде дека градоначалникот е виновникот за колапсот на Охрид во многу сфери. Митровиќ исто така рече дека капитална грешка е што Црвенкоски му ја дал довербата за трет мандат за градоначалник на Петрески, бидејќи, според него, тој е погрешен човек за таа функција.

{loadposition content9}