11 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
Со него, беше ставен крај на воениот конфликт меѓу македонските безбедносни сили и ОНА.
Рамковниот договор, на 13 август 2001 година, по повеќедневни проеговори во Охрид, беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери. Во својство на гаранти, документот го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Со договорот беше поставена рамка за унапредувања на правата на етничките заедници во Македонија, за унапредување на меѓуетничкиот соживот и за евроатланската перспектива на земјата.
Повеќе од 140 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите 10 години од имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитетoт, културата, образованието и децентрализацијата на власта.Годишнината ќе биде одбележана со свеченост во организација на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор. На неа се поканети државниот врв, преставници на дипломатскиот кор, политичките партии и други гости.
{loadposition content9}