Skip to main content

Противпожарната единица засега останува на старата локација

Од Локалната велат дека доколку од Министерството за транспорт и врски се прифатат новите урбанистички решенија Противпожарната ќе се дислоцира.

 |  Јаковлева Лионела  | 
pozarna
пожарна

Засега нема дислокација на Противпожарната единица во Охрид. Командирот Спасе Прентоски вели дека идејата на Локалната за преместување на противпожарната на друго место која потекнува уште од пред неколку години, барем според најавите за брзо време нема да се реализира.

Тој додава дека нивниот став е јасен. Локацијата на која се наоѓаат е најпогодна за обавување на нивната дејност, но командирот додава дека доколку Локалната одлучи поинаку тие ќе мора да прифатат. spase prentoskiКако една од можните локации каде би се сместила противпожарната единица беше спомнувана и  касарната.
 

Од Локалната велат дека има измени на Деталниот урбанистички план за овој простор. Нацрт планот е веќе доставен до Министерството за транспорт и врски и се чека дали од таму ќе стават потпис на измените или не.

 

Доколку се прифатат новите урбанистички решенија Противпожарната дефинитивно  ќе се дислоцира. Но, ќе се бара соодветен простор како истата би можела ефикасно да функционира за потребите на граѓаните на Охрид и пошироко, вели портпаролот на Локалната, Симон Илиевски.

{loadposition content9}