Skip to main content

Јазикот на поезијата е универзален и светски јазик

Двата двојни сонетни венци „Милув“ и „Страор“ на големиот српски поет, Ранко Радовиќ тоа најдобро го докажуваат.

 |  Мишел Наумоски  | 
knigi poet Srbija
книги поет Србија

Нема звук како звукот на прочитаниот поетски стих. Дали е пишуван на руски, англиски, шпански, српски или македонски, секогаш ги буди истите чувства. Нема поголем доказ за тоа од двете книги на големиот српски поет Ранко Радовиќ. „Милув“ и „Страор“ се двата двојни сонетни венци кои од денес ќе можат благо да прозвучат и на македонски јазик.

Straor i MiluvРадовиќ вели дека ја сака Македонија, ги сака Охрид и Струга каде во младоста често доаѓал. Токму затоа се решил овие негови книги да добијат свој македонски препев. Но неговите мотиви се бројни и уште поуниверзални, па поетот вели дека не може да одбере омилена тема.

„Тешко е тоа да се каже. Човек кој пишува во исто време е едно божјо творештво кое тој го отвора за стиховите да се појават на хартија. Нема некои правила кај вистинските поети. Не може да се седи на маса и да се пишува поезија, тоа не е поезија. Тоа мора да се живее и да се одживее. Јас се надевам дека моето враќање во Струга, уште многу убави стихови ќе донесе во моето срце и една Македонија која повторно ќе кажакм дека многу ја сакам.“-рече авторот на книгите, Ранко Р. Радовиќ.

Радовиќ вели дека одсекогаш му се восхитувал на сонетниот венец на Франце Прешерн и неговата Јулија. Но поминале повеќе од десет години за тој да се осмели и за прв пат да ја примени оваа форма. Двојниот сонетен венец вели е негова иновација и е начин на пишување кој е можеби најтежок во поезијата.

Оваа специфична форма на мака го ставила и Radovic i Betinskiпрофесорот Илија Бетински, човекот кој ги препеа „Милув“ и „Страор“ за македонската читателска
публика.

„Тоа не е класична поезија во смисла на денешната поезија. Денешната поезија има воглавно слободен стих и таа да речам бара баш преведување. Додека сонетните венци имаат посебна структура, специфична, прво според бројот на стиховите во песните, второ според римите, а авторот не го нагласи тоа, но тој има таква големина во него што дава не само катрени како рими, туку дава и внатрешни рими во самата песна.“-вели  Проф. Д-р Илија Бетински, преведувач на книгите на македонски јазик.

Инаку „Милув“ и „Страор“ се само почеток на преводите на книгите на Радовиќ. Наскоро треба да се појават преводи уште на една книга избор поезија на Радовиќ и поемата „Волчица“.

{loadposition content9}