На повидок трајно решавање на проблемот со вода во Горно Лакочереј
МЈП Проаква нуди три проекти кои ќе го решат проблемот со водоснабдувањето во Горно Лакочереј.
На повидок конечко решение со кое ќе се стави крај на проблемот со вода за жителите од Горно Лакочереј. Директорот на МЈП Проаква, Златко Старкоски открива дека тимови од ЈП последниве месеци активно работеле на изнаоѓење на решение со цел да се обезбеди доволна количина и квалитетна вода за жителите од Горно Лакочереј.
Според директорот, Проаква и локалната самоуправа изготвиле три проекти, кои ќе понудат трајно решение на проблемот. Првата варијанта, според Старкоски е бушење на нови извори и поставување на цевки. Тој додава дека веќе било извршено едно бушење кое дала мала количина на вода, по што биле приморани да бараат друга локација за ново бушење.
„На таа нова локација добивме доволни количини на вода и сега истата треба да ја испитаме дали одговара по стандардите за пиење според законот за води. Примероци се земени и испратени во центарот за јавно здравје и секој момент ги очекуваме да дојдат анализите и доколку се позитивни и одговатаат веднаш таа работа ќе ја завршиме. Постапката околу обезбедување на пумпата е завршена според законот за јавни набавки пумпата е дефинирана и само се чека резултат од анализите“, вели директорот на МЈП Проаква, Златко Старкоски.
Втора варијанта е проектот на Локалната самоуправа кој предвидува изградба на канализациона и водоводна мрежа, открива Старкоски.
„Тендерот знам сигурно дека е завршен кој ги опфаќа двата сегменти. Во моментов се работи многу интензивно на изградбата на канализационата мрежа, а деновиме очекуваме да отпочне и поставување на водоводните цевки а тие ќе бидат поврзани со резервоарот во Орман. Со овие два проекти кои се многу издржани мислиме дека трајно ќе го решиме проблемот во селото“, вели Старкоски.
Директорот додава дека покрај овие два проекти кои со сигурност го решаваат проблемот, сепак постои и трета варијанта која би се применувала за секој случај. Станува збор за поврзување на водоводниот ситем од фабриката ЕМО во должина од 900 метри со селото.
Инаку решавањето на проблемот со вода во Горно Лакочереј е дел од големиот проект на локалната самоуправа за приклучување на сите приградски населби со вода за пиење во ситемот на МЈП Проаква. Сличен проблем како овој во Горно Лакочереј, веќе доби разрешница во селото Вапила, при што тој беше монтирана нова пумпа и беа променети сите водомери.
{loadpozition content9}