Skip to main content

Листата за чекање во градинка – пократка

Реконструкцијата на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ заврши.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinka
gradinka

Реконструкцијата на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ заврши. Сега, конечо може да здивнат и родителите и дирекорката на детската установа. Оваа година листата за чекање место за упис во  централниот објект на градинката ќе биде многу пократка. Со години во овој објект родителите бараа место повеќе за прием на нивните деца. Со доградбата на објектот овој проблем ќе биде ублажен, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа, која го финансираше проширувањето на објектот.

gradinka dogradba„Дограмата е поставена сега сме во фаза на чекање да се исуши кошулицата  и да се постави топлиот под на трите занимални и трпезаријата, како и на монтирање на санитаријата во тоалетите. Објектот  е граден по сите стандарди во градежништвото“, појаснува Наумоски.  
Локалната  самоуправа за проширувањето на централната зграда на ДЈУ „Јасна Ристеска“ потроши околу 9 милиони денари. Уредувањето на занималните, трпезаријата и санитарните чворови ќе треба да ги  дозаврши градинката со финансиска помош на Министерството за труд и социјална политика. Се очекува  доградениот дел да биде ставен во функција до крајот на месец септември.

„ Секоја занимална има посебен санитарен чвор, топла вода и парно греење. Децата кои ќе престојуваат во проширениот дел на некој начин ќе бидат привилегирани во однос на другите деца“, додава Наумоски.
 
JDU Jasna Risteska Засега најави за изградба на нова детска градинка нема иако има голем интерес за упис на децата во градинките од Охрид и селските населби. Марина Петровска Тодоровска, дирекор на ДЈУ „Јасна Ристеска“, кажува дека  градинката веќе овозможи згрижување на 50 ново примени деца. Барањата за прием на нови деца секојдневно растат, нагласува Петровска Тодороска. Во моментов во детската установа има 120 барања за упис на деца во сите 5 објекти на „ Јасна Ристеска“.  За  престој  на децата во градинката родителите месечно ќе издвојуваат по 1500 денари.

 

{loadposition content9}