ЈП Ниско Градба ќе го поднови возниот парк
ЈП Ниско Градба ќе набави три нови возила.
Советниците ја подржаа предлог одлуката за набавка на товарни возила –фургон и со тоа му овозможија на ЈП Ниско Градба да го поднови својот возен парк. Директорот пак на ЈП и пред советниците и пред новинарите ја објасни потребата од купување на овие возила. Тој вели дека само на овој начин можат да се ослободат од старите возила и со парите кои ги даваат за поправка да набават нови.
„Се работи за набавка на товарни возила Фургон по пат на лизинг, кој би траел 5 години, а ратата по возило би била околу 10 000 денари месчно. Тие возила би ги заменале сегашните стари Лада Нива и би се направило голема заштеда. Само од заштедата од гориво и одржување односно резервни делови за старите возила кои сега ги користиме би се плаќала самата рата. Тие возила се стрикно наменски за транспорт на работниците и опрема на соодветни локации во градов каде што работиме. Сакам да потенцирам дека се работи за товарни работни возила“, вели директор на ЈП Нискоградба, Владо Цветкоски.
Со ова образложение не се сложуваат сите советници. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ, смета дека во услови на криза не е правиот момент за купување на возила.
„Фактот дека ЈП ко во изминатиов период беше оквалификувано како ЈП кое нерационално ги користи средствата и ЈП кое многупати досега барало кредитни задолжувања и ЈП каде неколкупати досега имало проблем со исплата на платите и едно од Јп кое ја покачи цената на услугата тие факти говорат дека во еден ваков економски момент на криза и на потрба од домаќинско работење навистина нема потреба од набавка на три возила какви и да се, затоа што возилата кои можат да се користат во смисол на функционирање, можат врз основа и на сегашниот договор да позајмат од проаква од каде што произлезе ЈП Нискоградба“, вели координаторот на советничка група на ВМРО ДПМН, Дејан Паноски.
Паноски уште додва дека работата ЈП Ниско Градба го покажува функционирањето на сите ЈП во Охрид. Тој смета дека повеќе од очигледно е дека ова е проблематично ЈП, и дека истото е формирано од политички, а не од економски параметри. Предлага една брза ревизија на работењето и на постоењето на новите ЈП кои произлегоа од постоечките, по што да се донесат решенија или повторно да се фузираат ЈП со цел да се обезбеди нивна валидност, или да се воведе конкурентност на услуги на пазарот што подразбира отворање на понудата што би нудело голем квалитет на услуги и нови вработувања.
{loadposition content9}