Skip to main content

Бројот на учениците се намалува

Се помал е бројот на учениците во основните и средните училишта. Поради ова советот на општината донесе одлука да се формираат паралелки и со петнаесетина ученици.

 |  Јаковлева Лионела  | 
deca
деца

 

Во основните училишта во градов ќе се формираат паралелки и со помалку од 24 ученици. Вака денес одлучија охридските советници. Одлуката беше неминовна бидејќи продолжува трендот на опаѓање на бројот на првооделенците, а комбинираните паралелки не се најсреќно решение ниту за учениците ниту за професорите, објаснува раководителот на одделението за образование, Серафим Наумоски.klupi

И во средните образовни центри поточно во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“ и во „Св. Наум охридски“ нема доволно ученици. Советот поради тоа одлучи да се формираат паралелки и со помалку од 25 ученици. Само во  средното општинско училиште „Св. Климент Охридски“ нема проблем со помал број на ученици.

Наумоски вели дека општината прави напори да се подобри состојбата со бројот на учениците. Таа колку што може инвестира и во подрачните основни училишта како што се во Пештани, Трпејца, Којнско, Куратица, Косел, Вапила, Далјан и Св. Еразмо Охридски со цел истите да опстојат и да не се затворат.

На денешната седница покрај за формирањето на паралелките со помал број на ученици се дискутираше и за предлог одлуките за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии и други слободни активности во учебната 2012-2013 година. Сите точки кои беа од областа на образованието беа изгласани.

{loadposition content9}