Skip to main content

Се враќа блинкерот во Охридското езеро

Охриѓани, подгответе ги кајчињат и веслата, се враќа блинкерот. Оваа најава доаѓа од првиот човек на „Пастрмка 2012“, Ристе Танасоски, концесионерот на стопанскиот и рекреативниот риболов на Охридскот Езеро, после само четири дена од неговото официјално назначување.

 |  Николоска Биљана  | 
blinker
блинкер

Се враќа ловот на пастрмка и белвица со блинкер во Охридското езеро. Овој некогашен, можеби и подзаборавен начин на лов на риба, охриѓани, стружани па и останатите страсни риболовци, со душа го чекаат околу осум години. Директорот на Пастрмка 2012 Ристе Танасоски, кој деновиве и официјално од страна на Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, беше назначен за концесионер за стопански и рекреативен риболов, вели дека им претстои период на одговорна работа. Танасоски за 8 ми септември го најави стартот на блинкерот и појасна што треба да направат сите заинтересирани за добивање на дозвола за влез во езерските води.

koncesioner„Значи во седиштето на нашата фирма ќе се даваат дозволите ќе има организирани пунктови во Охрид, Струга, Трпејца, Калишта, Радожда така да конечно охриѓани и стружани да влезат на блинкер. Точно ќе се знае и контролира секој што ќе добие дозвола и влезе на лов со блинкер. Правилата се на еден рибар еден конец и улов од 3 кгр риба, се разбира во чамец со весла“.

И не само тоа, Танасоски нагласи дека после осум години забрана, љубителите на пастрмката па и белвицата, заслужуваат да ја вкусат и да ја имаат на својата трпеза. Додаде дека и цената на охридските видови риба ја адаприрале да биде достапна за сечиј џеб.
 
„Според законот за рибарство, според концесискиот договор, според риболовната основа значи се знае каде точно ќе се продаваат охридските видови риба, во рибарниците, во маркетите во угостителските објекти и пунктовите. Цената сигурно ќе биде пониска од пазарната во моментов“.

pastrmkaКонцесионерот Танасоски потенцира дека поминале низ сито и решето додеа ја добиле концесијата. Тој напомена дека поединците кои зборувале против издавањето на езерото под концесија, всушност се луѓе кои не му мислат добро на езерото и истите аплицирале за концесионирање со рекреативниот риболов. Па отука Танасоски го изнесе неговиот мотив за поднесување на барање за концесија а со самото тоа и подготвување на документи за истата.

„Најповеќе ме натера самата состојба, лошата состојба со рибниот фонд во Охридското Езеро, тоа ми беше еден двигател за да поднесам барање за концесија. Кога разбрав дека езерото се дава под концесија знаев дека тоа е вистинската одлука и единствено решение за зачувување на рибниот фонд“.

Примарна и најголема цел на концесионерот е физичка заштита на Охридското езеро и во таа насока работат на организација на голема рибочуварска служба, која ќе располага со доволен број на чамци и глисери. Исто така според најавите на Танасоски за прв пат ќе се постави видео и аудио надзор на езерото за што во тек биле преговорите со странска фирма. Засега сеуште со точност никој не ја знае реалната слика за состојбата со рибниот фонд, па така кадрите на Пастрмка 2012 наредниве три месеци ќе работат на тоа, велат од таму.

{loadposition content9}