Skip to main content

Ќе живне ли конечно колекторскиот систем

Јапонците разгледаа се што е поврзано со колекторскиот систем, во Охрид и Струга, дури  ѕирнаа и во шахтите. Не е лесно да се дојде до парите од Јапонската влада за реконструкција на колекторскиот систем, но факт е дека шансата за тоа е реална.

 |  Николоска Биљана  | 
kolektor
колектор

Јапонската Агенција и Влада, како и Македонската Влада влегуваат во сериозен проект за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Деновиве Јапонската мисија изврши детален преглед на колекторскиот систем на охридско-струшкото тло. Познати по прецизност, тие во двете општини ги отворија сите шахти, ги прегледаа сите пумпи и ги посетија сите места кои се во тесна врска со колекторскиот систем, за да добијат реална слика за функционирањето на овој систем. Дејан Паноски од билатералниот секретаријат вели дека завршниот извештај веќе е на маса пред јапонците, после долго време лобирање, пишување и теренска работа.  

sistem„Верувам дека после финалниот извештај заедно со сите институции ќе се влезе во процедура на постигнување на приоритети за кои главни активности во наредниот период ќе треба да се финансираат и потоа да се влезе во процедура на барање на средства од донаторската заедница. Верувам дека сето тоа ќе биде успешно затоа што Охридскот езеро заслужува и мора да биде со подобар квалитет“-рече Паноски.

Директорот на Р.Е. „Колектор“, Ваит Ајро, изјави дека стоиме пред историска можност еднаш и засекогаш да ги надминеме сите проблеми поврзани со системот за одведување и прочистување на отпадни води во Охрид и Струга.

„Сериозноста на проектот изготвен од Јапонската Влада и  агенцијата  Џајка, ќе придонесе системот еднаш и засекогаш да  биде комплетиран со потребите кои години на назат чекаат на доизградба. Тоа би значело и полесно управување на МЈП Проаква со системот но за да се дојде до тука мора да се спомне иницијативата на Министерството на Животна средина и МЈП Проаква, од 2009 година со инсистирање да биде покриено со инвестиции од страна на буџетот на државата“ -вели Ајро.

Ајро признава дека реалната слика на колекторскиот систем не е на завидно ниво. Тој  смета дека потребна е огромна сума на средства како би се отстранале сите недостатоци и езерото да биде заштитено 99%. Останавме покуси за информацијата што видоа и што сликаа јапонците затоа што според некои меѓународни правиле не смееле да даваат изјави без консултација со централата.

{loadposition content9}