Skip to main content

Надвисната гранка опасно демне над паркинг простор

Повеќе од два месеци скршена гранка е  надвисната  врз паркинг просторот  во близина на Горица 3.

 |  Валентина Неловска  | 
drvo
drvo

 Повеќе од два месеци скршена гранка е  надвисната  врз паркинг просторот  во близина на Горица 3. Гранката е сериозна опасност за капачите кои доаѓаат на плажата и ги паркираат возилата без да ја забележат. Оштетените гранки и дрвја ги отстрануваат службите на комуналец, но  само со дозвола од комисијата од одделението за животна средина,  кажува директорот на комуналното претпријатие Сашо Алче.

drvo Gorica „Проблем се дрвата кои се  наоѓаат на површини кои се во приватна сопственост без разлика дали станува збор за правни или физички лица. Јавното претпријатие нема право да влегува во приватна сопственост нити да исече дрво без согласност од Локалната самоуправа“ кажува Алче.

Службите на ова јавно претпријатие утрово, пак го  исекоа стеблото  во кое неодамна удри гром  во близина  кај Горна Порта. Покрај ова дрво беа исечени уште две  оштетени дрва  опасни за пешаците.  Службите   на комунално интервенираа  со дозвола од  комисијата  за животна средина при Локална самоуправа, информира  Алче.

 

„ Едното исушено дрво  на дрворедот пред гимназијата и две кај Горна Порта на патот каде што децата одат на училиште во ОУ„ Св. Климент“. Ова го направивме пред почетокот на школската година. Од понеделник ќе сечиме и во другите делови на градот каде што има одобрение за дрвјата на јавни површини се опасност за пешаците.“ komunalec

Од  ЈП „Охридски Комуналец“ ги повикуваат граѓаните  да соработуваат со Комисијата во одделението за животна средина и да ги пријавуваат  оштетните дрва до нив.  Алче порачува и поголема ажурност од  инспекторот  за животна средина во контролата и задолжувањето на корисниците на земјиштето да ги отстрануваат опасните  дрва или да побараат услуга од комуналното претпријатие.  

 

{loadposition content9}