Почнува судскиот процес за сообраќајката во која загина Тоше
Судскиот процес за сообраќајната несреќа во која пред една година во Хрватска загина македонската поп ѕвезда Тоше Проески денеска треба да започне во судот во Скопје.
Туарег

Процесот се води против Ѓорѓи Ѓорѓиевски, возачот на „туарегот“ во кој загина Тоше. Целокупната истрага за сообраќајната несреќа траеше скоро една година.
Обвинителството го товари Ѓорѓи Ѓорѓевски, кој управуваше со возилото за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, за што е предвидена затворска казна од една до пет години.
Вештачењата утврдија дека тој возел со поголема брзина од дозволената. Според резултатите од вештачењата во Хрватска тој возел над 170 километри на час, а според оние направени во Македонија околу 150.
Возилото удрило во приколка од камион по што се превртело и удрило во заштитната ограда, во близината на Нова Градишка.
Ѓорѓевски беше тешко повреден во несреќата и беше задржан неколку дена во болница во Хрватска. Во сообраќајката со полесни повреди мина менаџерката Љиљана Петровиќ.
Иако семејството Проески по несреќата се откажа од кривично гонење на Ѓорѓиевски, Обвинителството по службена должност покрена обвинение против него.

{loadposition content9}