Skip to main content

Богата културна понуда по повод 8-ми септември

Центарот за култура, Григор Прличев по повод 8-ми септември подготви богата програма . Празнувањето започнува од денес, а ќе има настани за сечиј вкус.

 |  Јаковлева Лионела  | 
centar za kultura
центар за култура

 

Центарот за култура Григор Прличев се подготвува достојно да го одбележи 8-ми септември, денот на независноста на Македонија. Програмата започнува вечерва во 20 часот со отварањето на светската изложба на Битолскиот монмартр. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека соработката со оваа ликовна колонија е од многу одамна па затоа одлучиле чествувањето по повод овој голем државен празник да го почнат токму со нивната изложба. Нејзина идеа е делата на малите уметници од светот барем еднаш годишно да бидат ставени пред очите на охридската јавност. Боцевска кажува дека веќе станува нивна пракса со богата програма да ги одбележуваат сите поголеми, било национални било локални празници.dragana boceska

Утре во 18 часот писателот Мирко Томовски ќе одржи трибина на која ќе даде еден историски осврт на настаните околу македонското прашање, а во 19 часот на платото пред Центарот за култура ќе настапат ансамблите Бисери, Филиграни, Отекс и естрадниот уметник Петар Нечовски.

Покрај овие настани кои центарот ги организира по повод престојниот празник во тек се и подготовките за новата кино сезона. Таа започнува на 19-ти со семејниот филм Огледлце, огледалце по што во октомври се очекува да пристигне филмот Трето полувреме. И театарот работи со полна пареа. На крајот на месецов, поточно на 29 септември ќе се игра преставата Итар пејо, а се подготвува и премиерата на Малограѓанска свадба на режисерот Дејан Пројковски која охриѓани по се изгледа ќе можат да ја видат во октомври.

{loadposition content9}