Родителите од струшко Подгорци, протестираат
Родителите на децата албанци од Подгорци денес протестираа пред зградата на општина Струга. Тие се против одлуката на Министерството за образование за укинување на албанските паралелки во ОУ „Гоце Делчев“. Градоначалникот Рамиз Мерко смирува и вели дека работат на надминување на проблемот.
„Градоначалнику децата наши не се за на пазар“, „Додека тече Црн Дрим во Струга, во Подгорци ќе живеат албанци и албанизмот“, „Министре во Подгорци има гнездо од орли 30 000 години пред ова да се случи“. Ова се само дел од паролите од денешниот протес, кој го организираа родителите на децата од Подгорци ученици во О.У. „Гоце Делчев“, поради укинување на албанските паралелки. Како што стои во дел од изјавата на родителите, тие по секоја цена ќе го бараат законски уртврденото право нивните деца да учат на мајчин јазик. Воедно тие не ја прифаќаат одлуката на ресорното Министерство за образование за укинување на албанските паралелки во струшкото село Подгорци. Сметаат дека се изманипулирани поради политички цели од страна на градоначалникот Рамиз Мерко, како и од албанската партија на власт ДУИ, па поради тоа одлучиле својот револт да го изразат преку протест и порачаа.
„Ги повикуваме сите релевантни фактори во земјата и надвор од неа, а посебно меѓународните претставници, претставниците на албанската Влада во Р. Албанија и Владата на Р. Косово, да се ангажираат искрено за да се реши проблемот на нашите деца со наставата на албански деца во село Подгорци Струга да не се изгубат трите претходни години“
Дел од родителите кои веќе година дена се по судските инстанци, бидејќи требаше да платат казна поради нелегално посетување настава на нивните деца, велат дека судскиот спор против нив го добиле и оти сега на потег се тие да тужат.
„Судот ние го добивме, ни дојдоа неколку покани, за на суд бевме на суд и судивката сама ни кажа одете понатаму и ние ќе одиме понатаму, не се плашиме од никого“. Сега ние ќе тужиме, Рамиз Мерко и сите околу него“.
Со огорчување ја примивме веста дека во Струга ќе има протести од родители околу наводното затварање на албанските паралелки во О.У. „Гоце Делчев“, село Подгорци, изјави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Тој уште еднаш потсети како дојде до формирање на паралелките, по барање на родителите и укинување на истите од страна на МО кое се изјасни дека паралелките се нелегално формирани, бидејќи бројот на ученици е помал од 24, а тоа законот не го дозволува. Но Мерко смета дека откако политиката вмешала прсти во проблемот, настана и револтот кај родителите.
„Многу битно што е и за поздравување од страна на министерот, е прифаќањето на учениците дека учеле на албански јазик и за истите ни посочи да им дадеме сведителства за нивното учење на албански јазик, но ни посочува и понатака бидејќи нема 24 ученици наставата да ја изведуваат во ООУ Мурат Лабуништи во Лабуништа, што дојде до овие протести и несогласувања со родителите од Подгорци“ -изјави Мерко.
Мерко искрено жали што дошло до протести затоа што три години напорно работеле на реализирање на барањата на родителите и пола од нив веќе биле исполнети. Тој исто така ја смирува напнатата атмосфера убедувајќи дека Локалната не се откажува од барањата, наставата на албански јазик да се оддржува во Подгорци но кога за тоа ќе се создадат услови.
{loadposition content9}